Првите алпинистички искачувања ги направивме во 1998 година на Матка. Карпата која се издигнува над езерото гледана од патеката која од браната води до планинарскиот дом, ресторанот и црквичката Св. Андреа е карпа на која веројатно сите македонски алпинисти и воопшто прв пат почнале сериозно да работат алпинизам. Таа е школски центар во кој по добро обезбедени насоки под надзор на алпинисти-инструктори се врши обука на нови аспиранти за оваа активност и на сите ни е многу мила.
Првата алпинистичка насока на која заедно качувавме беше насоката Нина. На неа бевме заедно со нашиот пријател Надир Мурсели, на 18 Јули 1998 година. Од тогаш имаме МНОГУ заеднички искачувања на другите насоки на овој локалитет, но исто така и на Демир Капија, Остра Карпа, Пилав Тепе, Враца (Бугарија), Бучеги (Романија), Доломити (Италија) и во Француските Алпи. Игор има качувано со други алпинисти и во Пакленица (Хрватска), а исто така и во Калифорнија, Њујорк и Њу Хемпшир во САД и во Кордилерите во Перу. |
Мразевите во Маврово (Јануари/2008)
Искачувања кои ги направивме во првиот викенд во оваа нова година. Мразевите во долината на реката Радика ги качуваме веќе 10 години... |
Од наши пријатели
Текстови од други македонски алпинисти за некои нивни искачувања и искуства во локалитетите во Македонија и надвор. Исто така текстови од странци за нивните искуства во Македонија - на нивниот мајчин јазик... |
Њујорк и Њу Хемпшир (Јуни/2007)
Во неофицијална посета на САД, Игор направи искачувања во некои од најпознатите локалитети во сојузните држави Њујорк и Њу Хемпшир: Ганкс, Вајтохрс, Канон... |
Алпи (2006г.)
Триаголникот на северната страна на Монт Блан ду Такул преку 2 насоки, Ејги ду Миди преку гребенот Космик, пречката до Монт Блан преку ду Такул и Маудит - искачувања направени во Јуни / Јули 2006 година во Француските Алпи... |
Доломити - Италија (2005г.)
Големо поглавје од историјата на модерниот алпинизам е напишано во овие италијански планини со огромни варовнички ѕидови и кули... |
Френдо (D+) (2004г.)
Сeвeрнaтa стрaнa нa Ejги ду Миди ja видoв минaтaтa гoдинa и oд тoгaш сkoрo цeлa гoдинa koj и дa мe прaшaшe kakви сe мoитe плaнoви зa слeднaтa сeзoнa oдгoвaрaв дeka сakaм дa oдaм нa Фрeндo - kaрakтeристичeн стoлб.. |
Белата Долина - Алпи (2003г.)
По долго патување од Македонија пристигнавме во Шамони каде што се сместивме во еден од камповите во овој прекрасен француски град каде се чувствувавме „како дома“. Сé во градот дише заедно со планините... |
Пакленица - Хрватска (2004г.)
Тoa бeшe eдeн вид пoлицa koja oдешe дијагoнaлнo вo дeснo вo дoлниoт дeл oд Стoлбoт и бeшe нeштo kako нaшa "Чeтири kлинa ", нo сo пoтeшkи дeтaли... |
Враца - Бугарија
Kaрпaтa нa oвoj aлпинистичkи лokaлитeт пo сoстaв e вaрoвниk, koj e извoнрeднo бeл, чист и цврст. Kaчувaњeтo нa дoлгитe нaсokи вo убaв дeн e прekрaснo... Сekako дeka внимaвaтe нa kршливoст и рoнливoст... |
Монт Витни (4417м) - (2000г.)
Присетување на искачувањето на највисоката планина во континентална Америка, направено со Пол Мејси - алпинист од Нов Зеланд... |
Локалитети во Македонија
По нешто за „најпопуларните“ локалитети во Македонија - Матка, Демир Капија и Солунска Глава. Текстови за некои искачување на насоките во нив... |
Учество во Балканијадата во градот Буштени - искачувања во регионот Костила... |