Хималаи - Мај/2010г.
Предмет: Посета на споменикот на Димитар Илиевски – Мурато во Непал, на подножјето (4900м.) на Мт. Еверест и трекинг искачување на Ајланд Пик (6200м.)
Термин: Групата заминува од Скопје на 24-ти Април, преку Истанбул (Турција) за Катманду (Непал).
Организатор на проектот е Клубот „Експедиционист“ од Скопје, а водач е Јован Попоски, алпинист-инструктор-водач.
Кога ќе постои можност за тоа, сите најнови информации ќе бидат тековно објавувани на нашата веб страна и Фејсбук профил.
Следете нé!
13.05.2010 - Денес околу 8 часот утринава, Игор, Надир и Јове се искачија на Ајланд Пик (6189мнв). На тој начин убаво го комплетираа овој прекрасен трекинг проект, и сега се симнуваат кон Намче Базар. Во вторник летаат од Лукла за Катманду, каде ќе останат три дена и после се враќаат дома..! Сигурно ќе има убави фотографии! :)

09.05.2010 - Најнови фотографии...


06.05.2010 - Игор само што се јави од Горакшеп (5140мнв). Направиле прошетка до базниот камп на Еверест (5364мнв) и овој дел од трекингот ќе го завршат со искачување на Кала Патар (5500мнв). Претходно биле 2 дена во Лобуче (4900мнв) во чија близина се наоѓа споменикот на Диме. Поставиле нова плоча во име на МАА и молитвени знаменца.... Иако во променливи временски услови трекингот се одвивал прекрасно во фантастично опкружување. Да најдат интернет па ќе ни пратат и фотографии.
01.05.2010 - По два дена трекинг, денес пристигнале во Намче Базар (околу 3400мнв).

29.04.2010 - Ако е добро времето утре полетуваат од Катманду за Лукла, и конечно во светот на високите планини.
28.04.2010 - Еве една фотографија од Игор и Јове во канцеларијата за барање дозволи за качување.

27.04.2010 - Игор поздравува со едно „Намасте“ од Катманду, Непал. Пристигнале вчера - денес логистика, доопремување и слично... Ви благодари на сите за поддршката.
- Весна Т. |