Официјални сајтови (кликни):

 

 

Шри Чинмој Маратон Тим (македонски)

 
 

Шри Чинмој (27.08.1931-11.10.2007)

Голема инспирација за нашите искачувања, но и целосно во нашите животи е духовниот учител Шри Чинмој. Неговите зборови „Не постојат граници на нашите способности поради тоа што ја имаме Бескрајната Божественост во нас“ се основен двигател во нашите животи и инспирација за постојано себенадминување.

Шри Чинмој беше активен во многу полиња – музика, спорт, литература, уметност... Во сите овие активности тој постигна неверојатни височини. Само неколку примери: компонирани преку 18,000 песни, изведени преку 700 концерти од кои најголем во Монтреал (Канада) пред публика од 19,000 луѓе, преку 1,500 напишани книги, преку 300 предавања на универзитети вклучувајќи ги тука Харвард, Јеил, Принстон, Кембриџ, Оксворд, Сорбона... Преку 200,000 уметнички дела, учество на преку 240 трки (меѓу кои 22 маратони и 5 ултрамаратони) и многу други уште поневеројатни активности...

Преку сите тие активности Шри Чинмој неуморно и самодавачки го инспирираше човештвото, а ние се надеваме дека и преку нашите искачувања успеваме да ве инспирираме да работите со уште поголема посветеност во вашите активности.

„Врвот на светот“ е синоним за Еверест. Американскиот алпинист Ројал Робинс вели – „Само кога ќе се искачиме на планините кои ги имаме внатре во нас – планините на стравот, љубомората, слабоста... Само кога ќе се искачиме на тие планини ние навистина ќе бидеме на врвот на светот“.

Шри Чинмој во планините во Швајцарија

Британскиот алпинист Џорџ Леј Мелори по враќањето од Еверест во првите експедиции во 20-тите години од минатиот век вели – „Дали победивме непријател? Не – само самите себе.“

Не мора да сте алпинисти за да ги искачувате планините кои се внатре во вас и да се откривате (победувате) самите себе. Но треба да знаете што е изворот на вистинското задоволство и искрената радост во вашиот живот и се надеваме дека во еден од линковите ќе можете да најдете некаков одговор на тоа прашање.

Copyright © 2005 Alpinizam.org