Share

Собир на МАФ на Камена Баба...

-19.04.2015г. Игор Т.

Во име на чистотијата!

Во текот на првата половина од оваа година, Македонската Алпинистичка Федерација во рамките на својата програма за работа, си постави цел да реализира неколку собири кои обработуваат различни тематски содржини, а со тоа и собири кои ќе се одржат на различни „подлоги“: веќе се одржа неформален собир на мразевите во Маврово и почетен зимски семинар на Попова Шапка како дел од „зимската програма“, потоа следуваше собир на Плоча, викендов се случи собир на Камена Баба, а во најава се два собири на Демир Капија и плус традиционалниот меморијал на Матка - како активности на сува карпа (качување на гранит и варовник во различен стил). И сето тоа - минимум! :)

Кај собирот на Камена Баба во близината на Прилеп одржан викендов, целта беше да се качува со поставување на сопствено обезбедување во чист стил - како прв и како втор во наврската. Пределот во кој се бидуваше и стилот на качување ни се „под кожа“. Ни се придружија колеги од уште два клуба: АК 8 од Скопје и АК Патагонија од Охрид и си качувавме фино првиот ден користејќи си ги многу интересниНе играчки (имено нели чоковиНе, френдовиНе и другаНа галантерија), а вториот ден си се спакувавме порано бидејќи ни заврна. Сепак - качувањето во текот на првиот ден беше ептен фино(!), а и кампувањето во шатори со убав поглед кон Прилеп ноќта беше многу убаво.

Одамна немавме посета на оваа карпа и бевме среќни. Се надеваме што поскоро да си играме и на другите предели во пределов - како што и заслужуваат: единствено чисто! Еве по некоја фотка, а долу има линк до нашиот ФБ профил каде што има и повеќе:


Местоположбата на Камена Баба во однос на Прилеп. Нејзината западна страна на фоткава...


Повторување на „класиките“ на западот: ПреЦедателот, Бабина Дупка, Овчарска, Вертикалада, Sunny Crack...


Кога сме кај Sunny Crack: на фотката Весна води онаму горе - Антонија обезбедува еве овде долу одма над текстов во црвено е :)


Поглед од кампот кон Прилеп

Повеќе фотки од ова убаво искуство и дружба можете да погледнете на нашиот ФБ профил овде >>>>

Copyright © Alpinizam.org