Партнер во нашите искачувања

Share

Алпина - дизајн за медали...

- 17.03.2010г., Игор Т.

Со совршен дизајн до Олимписки медали

АЛПИНА и Студиото Јуре Миклавц се добитници на престижните награди Good Design Award (најстара и најважна награда за дизајн која се доделува од 1950-тата година од страна на Музејот за Архитектура и Дизајн во Чикаго) и Red Dot Award (која се доделува од 1955 година од Дизајн Центарот во Есен, Германија). Наградите се доделуваат секоја година - за најдобри производи од областа на индустрискиот и графичкиот дизајн.

Оваа година наградата им е доделена и на два производи на Алпина – чевлите за крос кантри скијање Alpina Rasing Elite CL/CS и чевлите Binom. 

Чевлите за крос кантри и биатлон на Алпина се произведуваат за натпреварувачите од највисоката класа, но и за сите крос кантри скијачи кои сакаат совршенство и кои се задоволуваат само со најдоброто на пазарот.

Дизајнот е минималистички, чевлата отпорна на вода, а моделот совршено „легнува“ на ногата.

Внатрешниот дел има нов систем на врзување, квалитетно одбрани материјали и дизајн кој е создаден според прецизни мерења на стопалата на натпреварувачите. Чевлите даваат сигурност и неверојатна стабилност и добро искористување на силата од нозете на скиите – сведувајќи го трошењето на дополнителна сила на минимум.

20 Олимписки медали

Колку сето ова не се само „празни зборови“ докажува и бројот на медали освоени од страна на натпреварувачите кои на Зимските Олимписки Игри во Ванкувер оваа година ги користеа овие модели. Алпина освои 20 медали: 7 златни, 7 сребрени и 6 бронзени!

Најдобар машки натпреварувач беше Норвежанецот Петер Нортуг со две златни, една сребрена и една бронзена медала, а најдобра женска натпреварувачка – Русинката Олга Заитцева со еден златен и еден сребрен медал.

БИНОМ

Награда за дизајн добија и чевлите кои Алпина ги изгради во свој нов препознатлив бренд – Бином.

Овие чевли се добиени по долгогодишно искуство: истражувања и мерења на човечкото стопало - секое различно и со свои специфичности. „Бином“ чевлите се направени да се адаптираат на секое стопало – овозможувајќи максимален комфорт. Но тоа не е сé.

Оваа технолошки совршена чевла е наменета за секој кој покрај комфорот на ум ја има и екологијата – користејќи природни и рециклирани материјали. Повеќе информации за овој бренд на Алпина ќе објавиме наскоро.

Ова е втора година по ред како Алпина за овие модели е добитник на престижни награди за дизајн!

Promise

Кон претходните награди за дизајн оваа година се приклучува и новиот модел на чевли за крос кантри скијање: “Promise” (“Ветување“). Од Алпина велат: „Моделот „Ветување“ ви ветува природен контакт со природата и е посебно дизајнирана за тие кои уживаат во крос-кантри скијањето во недопрени зимски средини...“

Чевлата има многу со историјата на овој спорт – но и со иднината. Во нејзе е вклучена највисоката технологија на производство (да потсетиме – одлична термо изолација, водоотпорност и приспособување на секое стопало), а исто така таа е и скоро целосно биоразградлива.

Искрено, по вакви информации (посебно и поради изгледот на футуристичките Рејсинг Елит модели) се мислам да почнам со нов спорт :)

Други материјали за Алпина:

- Aлпина - „Тетон“;

- Алпина - „Монт“;

- Алпина - “Ескејп“;

- Алпина - „Тибет“;

- Алпина - „VX“;

- Алпина - „Комна“;

- Алпина - „Циклон“

- Бином - „Клајд“;

- Продажна мрежа во Македонија;

- Награди

Copyright © Alpinizam.org