Детали:

 

Специјален вибрам „Сити“ ѓон кој е мек, со спортски изглед и чисти линии.

Идеален за пешачење по разни типови рамни површини - камен, дрво, асфалт...

Иновативен ЕВА меѓуѓон кој ги амортизира вибрациите при движењето...

 

Share

Алпина - „Еscape“

-14.10.2010г., Весна Т.

„Поради тоа што не е мудро да се освои било која метропола бос, ова е следната најприродна опција. Надворешнaтa кожа е водоотпорна и дишечка мембрана. Покрај тоа, природните материјали и исклучително мекиот ѓон обезбедуваат оптимална амортизирачка бариера и идеален почеток за часови и часови на одење...„

На овој начин Алпина кратко ги претставува своите чевли од линијата „Сити“.

Во оваа линија тие имаат две програми - „City active" и „City casual“. Мој избор се моделите од „Сити актив“ програмата - единствено поради нивниот поспортски изглед од малку посериозниот на „Casual". Сепак би сакала да напоменам дека и двете програми, воопшто не се разликуваат во своите перформанси. Независно кој каков модел повеќе преферира - Алпина му овозможува лесна чевла со 1,6мм кожа и Алпитекс мембрана за заштита од временските услови.

Ова е втор модел кој го пробувам од „City active “ програмата на Алпина после моделот „Циклон“.

Имав „среќа“ уште при првите носења на двата модели „метрополите кои ги освојував“ да бидат зафатени од влажен бран што би рекле метеоролозите и бев среќна што и стопалата ми беа заштитени. „Циклонот“ го носев за време на нашите последни искачувања во Доломитите, а „Ескејпот“ во овој период - во Скопје (во текот на целиот ден - на велосипед, на работа, на прошетки низ градот...) и на Матка.

Многу релаксирано чувство!!! Сега со многу поголема доверба ги препорачувам како едниствен вистински избор за превентива во овие дождливи периоди кои ќе следуваат.

И овој модел како и поголем број други има и женски крој. Од машките секако покрај изработката која треба да одговори на посебноста на женската нога и стопало, тој се разликува и во бојата. И двата имаат кафеава боја, при што машкиот модел е малку потемно, а женскиот посветло кафеав.

Значи повторно - одличната комбинација на мек Вибрам ѓон, амортизирачки ЕВА меѓуѓон, кожа од 1,6мм и Алпитекс како заштитна мембрана дава убава и лесна чевла за прошетка низ град, на работа, возење велосипед, прошетка до блиски излетнички места – секаде сигурно и заштитено.

Ве потсетувам во оваа прилика на проширената продажна мрежа на Алпина, каде ќе можете да најдете и соодветна галантерија за нега на чевлите - посебно важна во овие период од годината! Продавници блиску до вас овде >>>>

Ги пробавме и овие модели на Алпина:

Користени материјали:

 

„Вибрам“ гумата е препознатлив бренд за високо квалитетни ѓонови. Со својата цврстина нуди стабилност при движењето на секаков терен. Во 1936 година, италијанскиот алпинист Витале Брамани започнува со употреба на гумата за подобри перформанси и безбедност при качувањето и од тогаш компанијата со својата иновативност е на прво место во изборот за ѓонови кај повеќе од 1000 производители...

 

„Алпитекс“ мембраната е развиена од инженерите на Алпина и е заснована на повеќегодишно искуство и постојана комуникација со потрошувачите. Таа штити од вода и овозможува добра вентилација и комфорт...

Copyright © Alpinizam.org