Детали:

 

Гумирана заштита која ја штити чевлата, но и прстите од удари при движењето.

Вибрамот со додатоците во предниот и задниот дел овозможува употреба на автоматски дерези...

 

„Тинсулејт“ системот гарантира два пати поголема топлина од другите чевли. Стопалата можат да дишат и со тоа тие остануваат топли и во многу влажни услови...

 

Систем кој овозможува брзо и ефикасно врзување. Тоа дава уште посигурно „легнување“ на чевлата на стопалото и секој чекор е многу полесен и попрецизен...

 

 

Share

Алпина - „Тетон“

-08.01.2011г., Игор Т.

„Совршено качување
Врвовите се секогаш предизвикувачки. Суровите услови и изложеноста на надворешните услови при брзи промени на времето - можат да бидат многу неудобни. Сепак, чевлите на Алпина секогаш ќе се докажат како одличен придружник, бидејќи обезбедуваат добра изолација и ефикасна и дишечка заштита за вашето стопало. Во секоја многу непредвидлива средина, чевлите ќе ви понудат преносно засолниште во секој чекор од искачувањето...“

Ова е воведот на Алпина во својата највисока класа – “Mountaineering”, од која имав можност да го пробам моделот Тетон. Чевлите уште при првиот допир ми оставија многу силен впечаток! Веднаш знаев дека ќе ми бидат совршен партнер при зимските тури по нашите планини, но исто така и во качувањето на мразевите. Ова имав можност да си го потврдам уште при првото излегување при малку повеќе снег на Шар Планина, а исто така од минатиот викенд и при посетата на веќе оформените мразеви кај Патишка Река...

По овие убави излегувања – се уверив дека овој модел може и многу, многу повеќе и дека „едноставните“ планинарски тури со нив се само лесна екскурзија! Чевлите се топли благодарение на Тинсулејт материјалот, користена е одличната Первангер кожа која во овој модел е од 3мм, тие се црвсти и стабилни благодарение на одличната Вибрам гума, имаат можност за користење на автоматски дерези (одлично легнаа со моите Рамбо и уживав на Патишка со оваа комбинација!!!)...

Алпина со овие и други детали – направила чевла која многу лесно ја гледам како мој одличен придружник во било кое искачување кое до сега сум го направил и во поголемите планини – повисоки планини и поголеми локалитети... Без двоумење! Одлична чевла која ме воодушеви! Со нетрпение ги чекам новите заеднички зимски авантури со нив...

Ве потсетувам во оваа прилика на проширената продажна мрежа на Алпина, каде ќе можете да најдете и соодветна галантерија за нега на чевлите - посебно важна во овие период од годината! Продавници блиску до вас овде >>>>

Ги пробавме и овие модели на Алпина:

Користени материјали:

 

„Вибрам“ гумата е препознатлив бренд за високо квалитетни ѓонови. Со својата цврстина нуди стабилност при движењето на секаков терен. Во 1936 година, италијанскиот алпинист Витале Брамани започнува со употреба на гумата за подобри перформанси и безбедност при качувањето и од тогаш компанијата со својата иновативност е на прво место во изборот за ѓонови кај повеќе од 1000 производители...

 

Технологија која почнува да се развива во 1960-тите. „Тинсулејт“ мембраната се состои од влакна кои се многу потенки од другите синтетички влакна кои се користат во индустријата („Thinsulate” = “Thin” + “Insulate”), но сепак во зависност од дебелината на материјалот – производите со тинсулејт се до два пати потопли отколку со други материјали. Тинсулејтот е дишечки материјал кој ги задржува своите квалитети и во многу влажни услови...

Copyright © Alpinizam.org