Share

Алпина - Mont Low

-10.12.2010г., Игор Т.

„Откако ќе ги облечете, нема да посакате да ги соблечете. Овие трекинг чевли ќе ве импресионираат со нивната способност за заштита. Тие се резултат на неуморни преиспитувања на прашањата и желбите на луѓето кои влегуваат во трекинг авантурите. Тие штитат од надворешни влијанија, имаат способност да се прилагодат на било кој вид на површина и нудат флексибилност потребна за добро искачување.“

Ова е воведот во програмата за лесно планинарење на Алпина. Програма која од сите други има најголем избор на модели (преку 20 во 2010 година!) – поделени во две групи: со спортски и класичен изглед и пристап во нивната изработка.

Од оваа програма веќе подолг период го имам моделот Mont Low. Ова ми е втора ниска чевла на Алпина. Со оглед на тоа што првите кои ги користев се со поспортски изглед (Бином Клајд - и морам да напоменам сепак сосема различна класа), сега одбрав малку покласичен изглед.

Ова ми е прва чевла од Алпина во која имав можност да го пробам Алпитекс заштитниот материјал. Сите до сега кои ги носев беа со Симпатекс и беа одлични, а Весна веќе носеше Алпитекс во моделот Ескејп...

Чевлите ги носам скоро секојдневно веќе два месеци и се покажаа супер во изминатите влажни денови при што нивното малтретирање беше неколкучасовно – при секојдневните трчканици околу работните обврски, прошетки по блиските локалитети... Исто така би издвоил и дека се лесна чевла која сепак добро штити и од студ!

Во Монт Лоу моделот покрај алпитекс заштитна мембрана, користена е нубук кожа од 2мм и вибрам ѓон. Чевлите се или кафеави или црни, а покрај низок имаат и висок модел. Високите модели имаат странична заштита во делот кај глуждот за подобра стабилност при движењето и/или дополнителна заштита во пределот над прстите (заштита од удари во нерамен терен, корења, камења)... Женски крој има само во високиот модел и со изработката тој треба да одговори на посебноста на женската нога и стопало.

Ве потсетувам во оваа прилика на проширената продажна мрежа на Алпина, каде ќе можете да најдете и соодветна галантерија за нега на чевлите - посебно важна во овие период од годината! Продавници блиску до вас овде >>>>

Ги пробавме и овие модели на Алпина:

Користени материјали:

 

„Вибрам“ гумата е препознатлив бренд за високо квалитетни ѓонови. Со својата цврстина нуди стабилност при движењето на секаков терен. Во 1936 година, италијанскиот алпинист Витале Брамани започнува со употреба на гумата за подобри перформанси и безбедност при качувањето и од тогаш компанијата со својата иновативност е на прво место во изборот за ѓонови кај повеќе од 1000 производители...

 

„Алпитекс“ мембраната е развиена од инженерите на Алпина и е заснована на повеќегодишно искуство и постојана комуникација со потрошувачите. Таа штити од вода и овозможува добра вентилација и комфорт...

Copyright © Alpinizam.org