Детали:

 

Со цел да се намали притисокот врз задниот дел од глуждот при долго качување на нагорнини, Алпина во своите чевли поставува „флекс зона“ - со што се олеснува и релаксира движењето.

 

Кај повеќето свои модели на чевли, Алпина изработува посебни модели за женски и машки стопала. Тоа е случај и со „Тибет“. Кај машкиот модел, кројот над глуждот е асиметричен и издигнат, а кај женскиот модел спуштен. Тоа е со цел моделите да одговараат на различната анатомија на машките и женските стопала и соодветно да нудат дополнителна подршка и подеднаква дистрибуција на притисокиот при стапнувањето...

 

Share

Алпина - „Тибет“

- 18.02.2010г.

„Добри чевли можат да ве одведат каде и да посакате да одите. Не им пречат промени на временските услови ниту пак било каков тип на терен. Тие едноставно одат. Вашите нови омилени чевли се комбинација на високо технолошки решенија и природни материјали.

Тие се исто така едноставни за користење. Го намалуваат притисокот и овозможуваат релаксирано движење. Тие заштитуваат и подржуваат. И додека го прават сето тоа за вас – тие се навистина добри единствено ако останат незабележани...“

Ова е краткиот опис на Алпина за своите чевли од високата трекинг класа. Колку е тоа точно имавме можност да се увериме пробувајќи го моделот „Тибет“. „Совршенството е во едноставноста“ е материјализирано во овој модел. На прв поглед ненаметлив и нежен (поради текстурата на Нубук кожата) – но по само кратко носење се добива чувство на неверојатна издржливост и сигурност.

Додека планинските патеки ги поминувавме со леснотија – се одлучивме без многу запознавање да ги пробаме и на карпест терен. „Новогодишен“ беше тест-полигонот. „Тибет“ во делот над глуждот има флекс зона која овозможува лесно и релаксирано движење по планинските патеки.

Тоа на прв поглед чевлата ја прави „мека“, но при качувањето можевме да се увериме во одличната комбинација со цврстиот „Вибрам“ ѓон кој одлично држеше на триење – скоро како „лепливата“ гума на патиките за качување, а исто така беше добар и прецизен и при стоење на мали стојалишта.

Како и за повеќето свои модели, така и за „Тибет“, Алпина има посебно изработен модел за машко и женско стопало – сé со цел да се овозможи дополнителна подршка и подеднаква распределба на притисокот при стапнувањето – врз чевелот.

Како заштитна мембрана се користи германскиот Симпатекс кој е 100% отпорен на влијанија од вода и ветер и е дишечки - правејќи ја чевлата пригодна за носење во секакви временски услови.

Дебелината на кожата кај овој модел е 2,8мм. Бојата е темно кафена за машкиот модел, а светло кафена за женскиот.

За продолжен век на траење на отпорната природа на овие материјали (отпорни на временски влијанија и износување) во продавниците на Алпина може да се најде и соодветна галантерија за грижа на чевлите – четки, спрејови за импрегнација и слично.

Ги пробавме и овие модели на Алпина:

 

Користени материјали:

 

„Вибрам“ гумата е препознатлив бренд за високо квалитетни ѓонови. Со својата цврстина нуди стабилност при движењето на секаков терен. Во 1936 година, италијанскиот алпинист Витале Брамани започнува со употреба на гумата за подобри перформанси и безбедност при качувањето и од тогаш компанијата со својата иновативност е на прво место во изборот за ѓонови кај повеќе од 1000 производители...

 

Германскиот „Симпатекс“ е дишечки материјал кој е 100% отпорен на вода, ветер и е еколошки разградлив. Мембраната со дебелина од само 5 микрометри е лесна, растеглива и докажано отпорна на износување. Ја задржува својата функционалност на долг период и за разлика од други слични технологии не е порозна - мембраната не се блокира од честички и може често да се чисти...

 

 

 

 

Copyright © Alpinizam.org