Детали:

 

ТПУ стабилизатори кои ја овозможуваат потребната странична стабилност на чевлата и кои го заштитуваат горниот дел од стопалото...

 

ТПУ материјалот е екстремно силен и издржлив. Неговата специјална конструкција како стабилизатор го заштитува стопалото од свиткување...

 

Клајд моделот има заштита за стопалото и прстите од надворешни удари...

 

Share

Бином - „Клајд“

-18.06.2010г., Игор Т.

Пријателски кон стопалата

„Вашите стопала се уникатни и се разликуваат од сечии други. Подолги, пошироки, повисоки, пофини или понежни... Тоа многу и не е важно кога имате чевла која го разбира вашето стопало. Биномот е токму тоа – иновативна чевла која се адаптира на секоја карактеристика на вашето стопало.“

Ова е начинот на кој Алпина го претставува својот бренд – Бином. Основа при изработката на секој модел на Бином чевлите е тоа дека секое стопало е различно. Толку едноставно, но ретко кој производител навистина пристапува кон сериозно решавање на овој „проблем“. Алпина поминува неколкугодишни истражувања засновани на тродимензионални скенирања на стопала користејќи специјални скенери за тоа. Резултат на овие мерења се чевли кои оптимално се адаптираат на секоја карактеристика на сечие стопало.

Тоа е секако посебно важно за активните спортисти кои преку своите активности носејќи разни чевли буквално ги малтретираат своите стопала ретко кога давајќи им шанса да се опорават, „здивнат“ и не се чувствуваат како „второкласни делови од телото“.

Посебно пак ние како алпинисти – ги ставаме во тесни патики за качување на карпа, разни патики за трчање при кондиционите тренинзи на рамен и планински терен, тешки чевли за зимски алпинизам... Конечно имаме шанса да ги наградиме!

Барајќи ниска трекинг чевла се одлучив да го пробам моделот Бином Клајд. Покрај Бином чевлите за секојдневна употреба и Бином – летните модели (од кои на девојките им го препорачуваме моделот „Весна“ ;)), Алпина произведува и трекинг модели од овој бренд, а секој од нив има посебна женска чевла и низок и средно-висок калап. Целата технолгија и труд околу изработката на совршен чевел – сега е инкорпорирана и во трекинг чевла што секако на нас, кои сме активно вклучени во планинските спортови ни доаѓа како специјална награда.

Една работа секогаш ни оставаше посебен впечаток при пробувањето на неколкуте модели на Алпина до сега, а која заборававме да ја кажеме. Сите модели ги носевме „во акција“ без никакво разгазување. Буквално - „од кутија“. Клајд до сега го носев во близината на Скопје – на релација Скопје-Водно-Матка и по планинските патеки на Матка при пристап до алпинистичките насоки, но и прошетка до околните цркви и манастири.

Од моментот кога почнав да ги носам, не ги сменив со други чевли во моите активности. „Ми легнаа“ и ги носам и на работа, низ град, за возење велосипед – секогаш комфорни и удобни, но и секогаш со чувство на сигурност кога е тоа потребно. Со ТПУ стабилизатори, одлична Вибрам гума која држи и не лизга и на мазни плочи, симпатекс како заштита при променливи временски услови, еколошки избрани материјали, дополнителна странична заштита и заштита на прстите и секако другата невидлива технологија која ја прави чевлата вистински пријател на стопалото - среќен сум за изборот!

Предупредување: Ова не е обична чевла! Ова е производ на стремежот кон совршенство на Алпина. Од страна се претставени само дел од очигледните перформанси на моделот Клајд. Многу повеќе информации за пристапот кон изработката на овие чевли, но и општо за целата програма и другите модели - погледнете на официјалната веб страна на БИНОМ.

Ги пробавме и овие модели на Алпина:

Користени материјали:

 

„Вибрам“ гумата е препознатлив бренд за високо квалитетни ѓонови. Со својата цврстина нуди стабилност при движењето на секаков терен. Во 1936 година, италијанскиот алпинист Витале Брамани започнува со употреба на гумата за подобри перформанси и безбедност при качувањето и од тогаш компанијата со својата иновативност е на прво место во изборот за ѓонови кај повеќе од 1000 производители...

 

Германскиот „Симпатекс“ е дишечки материјал кој е 100% отпорен на вода, ветер и е еколошки разградлив. Мембраната со дебелина од само 5 микрометри е лесна, растеглива и докажано отпорна на износување. Ја задржува својата функционалност на долг период и за разлика од други слични технологии не е порозна - мембраната не се блокира од честички и може често да се чисти...

 

 

 

 

Copyright © Alpinizam.org