На оваа тема:

- Статистика за 2015г,

- Статистика за 2014г,

- Статистика за 2013г,

- Статистика за 2012г,

- Статистика за 2011г,

- Статистика за 2008-2010г

 

Текстови за споменатите насоки:

- 4 Клина;

- Борник;

- Ветерански;

- Козина;

- Матка - лева и десна варијанта;

- Новогодишен;

- Отмарова насока;

- Отмар - лева варијанта;

- Рампа;

- Тани;

- Фифи Клин;

- Франгова насока;

- АПБ

 

Share

Матка - Статистика за 2015г.

-02.01.2016г. Игор и Весна Т.

Што кажуваат кутиите...

Во дел од алпинистичките насоки на Матка, на сидриштата се поставени кутии во кои се чуваат тетратки во кои при качувањето, алпинистите и качувачите може да се потпишат и да напишат на кој ден која насока ја качиле, со кого како свој партнер, дали се членови на некој клуб, какви биле временските услови при качувањето, состојбата на насоката, малку поезија итн, итн... :)

Еве што кажуваат бројките за 2015-та година, кога ќе се погледнат овие потписи:

За дел од насоките во „централниот дел“ од карпата бројките се овие:
(насока ----број на искачувања)
Циго ------ 6 искачувања
Матка лева ----- 5
Матка десна - 1
Ветерански ----------- 11
Отмар ---------------------------------------- 40
„Спојки“/„непознати“ ----- 5
(во оваа „категорија“, вклучени се тие искачувања во кои наврските ги мешале насоките - на пример „до кутија Ветерански - до излез Отмар“ и слични и искачувања за кои наврските не навеле која насока ја качувале...)

Вкупно искачувања: 68
Насоките се искачени од 56 различни алпинисти/качувачи, од кои 16 се девојки.

Од аспект на број на алпинисти/качувачи ајде да речеме дека бројката „е таа“ години наназад +/-, но од аспект на број на повторувања на овие насоки, ова е „најпосна“ година во изминатите 7. Помалку искачувања имаме изброено дури во 2008мата година! Нема што да покажуваме со прст кон други (ниту пак треба да се покажува со прст од било која причина!!!), но еве ќе си покажеме со прст кон нас самите: од 1998мата година, 2015та беше наша најпосна година „ев’р“! :) Си се опуштивме ептен: скијање, велосипед, шеткање, фотографирање. Back to the basics. :) Како и да е...

„Новогодишен
Како што беше наведено во статистиката за 2014та година, кога некаде во февруари 2015та го правевме првото искачувања на оваа насока за нас таа година, „кај кутијата“ наидовме на нова тетратка, во која прв датум беше заведен „31.01.2015“. Старата тетратка ја немаше: на некого можеби му затрепериле рацете па тетратката паднала, можеби извадена од кутијата - ја оддувал ветер... Сеедно: ја немаше. Поради тоа и немавме податоци за искачувањата за 2014та година по „Новогодишен“. А за 2015та - статистика можевме да направиме со почетен датум: 31.01.2015г.
Па така во тие 11 месеци во 2015та година, според нашето пребројување, на „Новогодишен“ се направени 133 искачувања (при што не се броени неколку „излети“ на дечки кои во еден здив го имаат качувано гребенот по повеќе пати! Значи и покрај тоа што тие имаат напишано дека дента го поминале гребенот 10 пати, ние тоа го броевме како „една дневница“, така што поминувањата на гребенот ако некој брои поинаку се всушност нешто повеќе)
Бројот на луѓе: 46, од кои 6 се девојки!
И покрај тоа што недостасува тој прв месец од 2015та година, сепак и со овие бројки 2015та „видела“ најголем број на повторувања на „Новогодишен“ во последните 5-6 години. Практично секој втор-трет ден, некој се движел по овој гребен... Бројот на алпинисти/качувачи грубо се движи во тие рамки сите години наназад во нашата статистика...

„Четири Клина“ (и „ПИ“)
9 искачувања на оваа насока („4 клина“) во 2015-та година. Искачувањата се направени од 13 алпинисти/качувачи од кои 4 се девојки.
„ПИ“: Во тетратката во кутијата која е на заедничко сидриште на уште неколку други насоки, најголем број наврски се потпишани на „4 клина“, но една наврска е потпишана и дека направила повторување на насоката „ПИ“!

Ова е најмал број на повторувања на насоката „4 клина“ во период од 6-7 години, додека пак „ПИ“ официјално немаше видено повторување од 2011та година!

„Нина“
Во 2015-та, во тетратката која се наоѓа во кутијата пред излезот на оваа насока, регистрирани се 25 искачувања. Во најголем дел од потписите, наврските навеле дека ја поминале „Нина“, но во некои случаи не и се надеваме дека овде не се правени спојки со некои од бушените насоки во околината. Две од искачувањата се изјасниле како половинки на „Нина“ т.е. последните две должини од оваа насока.
Во тетратката се потпишани 27 алпинисти/качувачи, од кои 4 се девојки.

На оваа кутија бројот на потписи од аспект на искачувања е ист како и за 2014та година, но помал е бројот на алпинисти/качувачи кои поминале овде...


2-те нови кутии
Македонската Алпинистичка Федерација во 2013-та година постави две нови кутии во овој локалитет, со цел да се следат искачувањата и на други насоки, за кои тоа не можеше да се прави во претходните години.

Една кутија беше поставена на заедничко сидриште на насоките „Отмар - лева варијанта“, „АПБ“ и „Козина“, а друга на излезот на насоките спроти Долна Матка: К1, К2, К3 и К4. Така сега веќе втора година броиме и овде.

На насоката „АПБ“ повторно не е регистрирано искачување (барем не сме препознале такво по потписите), а за другите 2 насоки бројките се следни:
„Отмар - лева варијанта“: 8 искачувања од 12 алпинисти/качувачи од кои 5 се девојки;
„Козина“: 4 искачувања од 8 алпинисти/качувачи од кои 2 се девојки.

Во споредба со 2014та, во 2015та година и овде било тивко. Ајде кај „Отмар - лева“ можеби и не до толку, но во „Козина“ броиме два пати помалку искачувања.

При вчерашната и денешната проверка на кутиите, не успеавме да ѕирнеме во таа кај „К“ насоките. Тоа го должиме и за 2014та година. Се надеваме да се поправиме со ова што поскоро!

Како за крај
Оваа статистика за искачувањата на Матка, секоја година признаваме дека е далеку од совршена, а тоа е така пред сé поради тоа што за многу насоки во моментов нема можност да се води ваква евиденција. Такви насоки на пример сега се: „Тани“, „Фи-фи клин“, „Борник“, „Пајак“, „Панчев“ и други...

Во секој случај, од тоа што во моментов го имаме на располагање како бројки, со директна споредба може да се заклучи дека во 2015-та година се бележи остар пад на активноста на овој локалитет во дел од неговите насоки и тоа како што споменавме на некои од нив дури и најслабо во споредба со повеќе години наназад!

Ова го имаме напишано и минатата година: „Реално, на намалувањето на бројката на искачувања влијае и збогатувањето на планинската активност на нашите колеги алпинисти. Еве конкретно кај нас, во голема мера намалениот број на искачувања кои ги направивме беше поврзан со наша зголемена активност во планинскиот велосипедизам и (турно) скијањето/бордањето, а знаеме дека така е и со многу други блиски колеги и пријатели. Но „Цело е, кога има се’“, нели?“
(Кога сме кај падот на активноста: на пример, на „4 клина“ во 2015та година во првите 4 месеци направени се само 2 искачувања, на „Нина“ прво регистрирано искачување е на 4ти март, во „централните насоки“ прво искачување е регистрирано на 15ти март, на „отмар лева/козина“ на 25ти април“ итн... Ние пак на „Новогодишен“ лани прв пат сме биле на 14ти февруари, а на некоја друга насока на 10ти април! Приииилично тивко (ни) поминале првите 3-4 месеци од годината, но од друга страна имаше доооолга турно ски сезона лани! ;))

Како и да е, далеку од совршена статистика, но да си правиме муабет за нешто :)

Copyright © Alpinizam.org