На оваа тема:

- Статистика за 2015г,

- Статистика за 2014г,

- Статистика за 2013г,

- Статистика за 2012г,

- Статистика за 2011г,

- Статистика за 2008-2010г

Share

Матка - Статистика за 2008- 2010г.

-17.01.2011г. Игор Т.

Што кажуваат кутиите...

Во дел од алпинистичките насоки на Матка, на сидриштата се поставени кутии во кои се чуваат тетратки (тефтери) во кои при качувањето, алпинистите и качувачите може да се потпишат и да кажат на кој ден која насока ја качиле, со кого како свој партнер, дали се членови на некој клуб, какви биле временските услови при качувањето, состојбата на насоката, малку поезија итн, итн...

Еве што кажуваат бројките кога ќе се погледнат овие потписи:

За дел од насоките во централниот дел од карпата бројките се овие:
Во 2008 година:
(насока ----број на искачувања)
Циго ----4 искачувања
Матка лева ---------9
Матка десна --2
Ветерански -----5
Отмар --------------------------26
Вкупно искачувања: 46
Насоките се искачени од нешто повеќе од 30 различни качувачи (од нив девојки се помалку од 10).

Во 2009 година:
Отмар ---------------------------------------------------51искачување
Циго ----------------16
Матка лева ------------------------------30
Матка десна --2
Ветерански -------------13
Вкупно искачувања: 112
Насоките се искачени од околу 50 различни качувачи (од нив девојки се помалку од 10)

Во 2010 година:
Матка лева --------------------------26 искачувања
Матка десна -----------11
Отмар ------------------------------------------42
Циго --------------------20
Ветерански ----------------16
Франгова -----5
Црвена кајла -1
Вкупно искачувања: 121
Насоките се искачени од околу 70 различни качувачи (од кои 15-тина девојки)

Забелешка за овие насоки: за секоја година имаше по 2-3 неразбирливо напишани податоци и/или пак наврските не напишале на која насока качувале. Исто така во 2-3 наврати од наврските кои качувале на овие насоки, имаше напишано податоци за наврски кои тие ги гледале како качуваат насоки кои не поминуваат кај оваа кутија (како на пример Тани, Пајак, Козина и сл.), но за овие насоки не ги спомнувам овие бројки со оглед на тоа што нема точна бројка од други качувања и со тоа би се стекнало погрешна претстава за нив...

 

Новогодишен
За оваа насока во моментов има податоци само за втората половина од минатата година и до крајот на 2010 година искачување на оваа насока направиле 50-тина качувачи - членови на различни клубови, од кои 10-тина биле девојки.
Во овој период во оваа тетратка стои потпишана и наврска која има направено повторување на насоката „Комитски“ која излегува на овој гребен...

 

Четири Клина
Во 2008 година – 3 искачувања
Во 2009 година – 12 искачувања
Во 2010 година – 12 искачувања
Забелешка: Во оваа кутија која е на третото сидриште од оваа насока, во 2010 година потпишани се и наврски кои качувале и на насоките ПИ, Дождовник, Рампа – кои имаат по 1-2 искачувања...

 

Нина
Во 2008 година – 14 искачувања од 19 качувачи
Во 2009 година – 24 искачувања од 27 качувачи
Во 2010 година – 22 искачувања од 24 качувачи

 

Оваа статистика за искачувањата на Матка е далеку од совршена - пред сé поради тоа што за многу насоки во моментов нема можност да се води ваква евиденција... Такви насоки на пример се „Козина“, „Отмар - лева варијанта“, „Тани“, „Фи-фи клин“, „Борник“ и други...

Сепак таму каде што може да се направи споредба со минатите години може да се забележи зголемување на бројот на искачувања, зголемување на бројот на качувачи (и зголемување на бројот на девојки кои качувале на овие насоки), зголемување на бројот на насоки со поголема техничка тежина при изборот на качувачите... И тоа е само по себе доволно и инспиративно!

Текстови за споменатите насоки:

- 4 Клина;

- Борник;

- Ветерански;

- Козина;

- Матка - лева и десна варијанта;

- Новогодишен;

- Отмарова насока;

- Отмар - лева варијанта;

- Рампа;

- Тани;

- Фифи Клин;

- Франгова насока;

Copyright © Alpinizam.org