Во чист стил околу Прилеп
- 26.05.2014г, Игор и Весна Т.
- Фотографии од нашите искачувања во чист стил на карпите околу Прилеп:
Камена Баба, Плетвар, Остра Карпа, Трескавец...
![](0q.jpg)
- Камена Баба (десно) со Златоврв и манастирот Трескавец во позадината (средина)
![](1q.jpg)
- Камена Баба (источната страна, висока околу 80м)
![](5q.jpg)
- Овде единствено до сега ја имаме качувано прекрасната „Василица“ (VII-, 80м)
![](3q.jpg)
- Во југозападниот крај на Камена Баба има неколку убави насоки/пукнатини по околу 30-тина метри
![](4q.jpg)
- Конкретно, овде најчесто ги качуваме "Sunny crack"(лево) и нашата „Пинки“ (десно, 35м, VI-)
![](6q.jpg)
- Западната страна на Камена Баба со насоки околу 30м. Ова се тие кои најчесто ги качуваме:
1) Бабина дупка, 2) Претседателот, 3) Љољо, 4) (нашата) Убаини, 5) Овчарска и 6) Вертикалада
Има и други линии лево и десно, но кога ќе ги поминеме нив - тогаш ќе има детали и за нив...
![](2q.jpg)
![](7q.jpg)
Под Златоврв - во близината на манастирот Трескавец имаме качувано на две карпи: десната, каде што се наоѓа
нашата прва насока во чист стил во Прилеп: „Кривиот оџак“
(качена во 2009 г.), но и „Убава“ (качена во 2010 г.)
и левата карпа, каде се наоѓа нашата „Не го буди змејот“ (качена во 2014 г.)
![](8q.jpg)
- Во „Кривиот оџак“ (40м, V)
![](9q.jpg)
- Веднаш спроти „Кривиот оџак“ е и нашата „Убава“ (40м, VI-)
![](10q.jpg)
- На стотина метри северно од Трескавец е и оваа карпа на која ја качивме „Не го буди змејот“ (60м, VI+)
Наскоро - следуваат и фотографии од Остра Карпа и Плетвар...
|