Генерален покровител на искачувањата во 2008 година

Дома

 

Кордилера Бланка - планините во Перу

Санта Круз Гранде, Куитараху, Алпамајо, Таулираху и Артесонраху

Санта Круз Гранде (6241м) е доминантен врв на северниот крај на Кордилера Бланка. Првото искачување на овој врв е направено во 1948 година од двајца германци преку северо-источната страна. Од тогаш сите страни и гребени се искачени освен опасната западна страна. До него се стигнува пешки за околу 2 дена од селото Кашапампа до кое се стигнува со комбе (такси) од градот Хуараз за околу 3 часа. Има две класични искачувања на овој врв: Северниот Гребен ( Американска Насока) и Јужната Страна ( Директ-насока Џегер). Првата насока е искачена во 1980 година и има висинска разлика од 900 метри. Тежина D+. Втората насока е искачена во 1978 година во соло стил и има висинска разлика од 900 метри и оцена TD-.

До Куитараху (6040м) од Кашапампа се стигнува исто така за 2 дена и на овој врв има две класични искачувања: Западниот Гребен (насоката од десно) и Северната Страна (насоката од лево) . Првата насока е искачена во 1936 година и има висинска разлика од 650 метри и тежина AD. Втората насока е искачена во 1964 година висинска разлика 650 метри и тежина D-.

Алпамајо (5947м). Нормалната насока е насоката Ферари која е искачена во 1975 година на југозападната страна . Од подножјето на страната до врвот има висинска разлика од 275 метри а техничката тежина е AD+.

Таулираху (5830м) Класиката на оваа планина отскокнува со својата техничка тежина – ED 1 тоа е италијанската насока по Западниот Столб на Југозападната Страна. За првпат искачена од шестчлен италијански тим во 1980 година. Има висинска разлика од 830 метри.

Артесонраху (6025м) Две класики: Североисточна Страна (лево на сликата) и Северен Гребен (десно на сликата) . Првата насока всушност завршува преку Источниот Гребен и има висинска разлика од 800 метри од глечерот. Првпат качена во 1977 година и има тежина од D+. Втората насока е првпат качена во 1932 година, има висинска разлика од 800 метри и тежина D.

За сите насоки се препорачува спуштањето да се прави со абзелување по насоката која е качена – со абалаков систем или со фелтни.
Copyright © 2005 Alpinizam.org