На оваа тема:

- Остра Карпа - собир на МАФ во октомври/2012-та год.

- Остра Карпа - описи на дел од насоките;

- Остра Карпа - искачувања во 2006-та год.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Остра Карпа

-21.08.2006г., Игор Т.

Уште кога бевме на Пилав Тепе со Зоран (З. Мајсторски – алпинист од Радовиш), се договоривме при првата Игор на „Мајсторот“можност кога ќе бидеме слободни, да отидеме на локалитетот Остра Карпа – во близината на Прилеп. Поради нашите ангажмани околу планираното искачување вo Алпите, а потоа и поради работните обврски, таа можност се одолговлекуваше. Неколку пати помислив на тоа, но ништо не превзедов – или бев преморен од работа или околу средувањето на нови информации за овој сајт (што исто така бара навистина многу работа)... Како и да е, се јави Зоран и нé покани да одиме „следниот викенд“. Тоа повторно ги подгреа моите желби да го видам овој локалитет кој (за срамота) во овие осум години колку што работам алпинизам никогаш не сум го посетил. Имав навистина многу обврски на работа и му кажав на Зоран дека веројатно би можеле да одиме „не овој, не дургиот - туку тој по него викенд“. Но не можев да издржам и во Петокот (18.08.2006г) на работа отидов со ранец со цел да одам со автобус (340ден. во еден правец или 520ден. повратен билет) околу 3 часот попладнето. Така се договоривме – да се најдеме во Прилеп, да качуваме во Сабота, а во Недела рано да тргнеме секој по дома (овој пат поради обврски на Зоран – да не бидам само јас проблематичниот)... Весна поради тоа што работеше таа Сабота, за жал не можеше да дојде.

ПрилепВо Прилеп се најдовме како што се договоривме во –17:30 часот, а потоа со такси отидовме до селото Селце (околу 100ден. во еден правец). Од таму до местото каде планиравме да бивакуваме пешачевме околу 2 часа, но од таму имавме убав поглед кон Прилеп, а бевме само на 15-тина минути „до под карпа“. Тоа место беше стратешко исто така и поради близината на еден извор кој во тие жешки августовски денови (колку и слабо да течеше) многу добро ни дојде.

Ноќта едвај заспавме – имаше многу комарци, а беше и топло па не можевме да се затвориме во вреќите. Веројатно само поради голем замор некако успеав да заспијам иако на моменти од зуењето се будев и смислував тактитки како да се одбранам. Наутро повторно зуење. Досадувањето го превзедоа мувите. Како и да е, станавме рано и откако наполнивме вода се симнавме под карпата.

Зоран на „Верда Стела“Како за загревање и запознавање најпрвин ја качивме насоката „Верда Стело“ (IV/IV+) и навистина е добро да се запознаеш со карпата. Има мов (што за Зоран не беше проблем – види Пилав Тепе), а во одредени делови нема никаква можност за поставување обезбедување или пак тоа е можно само со френдови и чокови (што и не е проблем). Карпата сепак е цврста, но мовта на моменти мене „ме убиваше“. Насоката има две цели должини од 50 метри и дополнителен дел од 20-тина метри. Насоките во овој дел се сите такви: две цели должини, па место каде има патека по која се симнувате долу, што значи последниот краток дел над неа се абзелува. Втората насока која ја одбравме се вика Камински (VI). Одлична прва и трета должина каде се сконцентрирани тежините и тоа во континуитет од 15-тина метри, а втората должина беше „снајди се па живеј“: нели - карпа со мов со мала можност за обезбедување. На таков терен Зоран одлично се снаоѓа…

Тоа беше дел од денот кога веќе секој потег (на пример: трепнување со очите) поради жештината ги исцедува сите течности од телото. Ние веќе немавме вода (добро пиевме) па се качивме до изворот, а потоа се симнавме пак до под насоките, при тоа застанувајќи под секоја сенка. Сакавме да качиме уште една насока – но ќе беше лудост. Наместо тоа, Зоран ја сликаше карпата – за наша и Игор на „Мајсторот“ваша инспирација да качуваме што повеќе на овој локалитет.

Бев воодушевен од преостанатиот дел од карпата. Недопрен терен кој е во очекување на храбри алпинисти со одлична техника. Карпата како да е поделена (а не е) на два дела. Еден кој е таков – со мов во првата должина и сивкаст, а друг – црвен, кој зрачи со моќ. Бев воодушевен воопшто од целиот терен од Прилеп до Остра Карпа.

Толку многу можности за тренинг!!! Овој град кога би бил во Италија, Франција, Бугарија, Словенија – веројатно би бил центар на сите качувачки случувања во државата. Вреди да се оди многу почесто!

Copyright © Alpinizam.org