Скоро на секое наше излегување до сега сме имале камера со нас. Додека да успееме да Ви презентираме некои од нашите снимени материјали, уживајте во некои одбрани клипчиња најдени по интернетов...
За ова видео: Прекрасно видео за искачувањето на 4 француски алпинисти на нова насока на еден од сателитите на Големата Транго Кула во Пакистан - Транго Пулпит (6050м). Тие качуваат 20 дена и резултат на тоа е насоката „Азазел“... (22мин)
|
| |
Одберете следно: |

|
4мин: Дидие Берто прави прекрасно прво искачување на пукнатината „Greenspit“ во Италија со оцена 5.14. Претходно ги вади експанзионите клинови и ја качува со свое обезбедување - френдови, чокови... Ова е извадок од филмот „Прво искачување“... >>>> |

|
16мин: „Лотус“ кулата се наоѓа во Логан планините во Канада - во една совршена планинска средина. Ова видео е за искачувањето кое на неа го прават Томи Колдвел, Бет Роден, Арно Петит и Стефани Боде.>>>> |

|
17мин: Стив Хаус ја покажува опремата која ја користеле со Винс Андерсон при првото искачување во алпинистички стил на Рупал Страната на Нанга Парбат. Прекрасно видео со многу совети и трикчиња околу опремата воопшто... Мора да се види! >>>> |

|
20мин: Лин Хил за нејзиното фантастично искачување на насоката „Носот“ на Ел Капитен во слободен стил. Малку историја за насоката, локалитетот, нејзините подготовки... Неверојатно! >>>> |
 |
2 мин: Мечето Беком качува на мраз. Супер анимирано клипче! >>>> |
Наскоро повеќе...