Скоро на секое наше излегување до сега сме имале камера со нас. Додека да успееме да Ви презентираме некои од нашите снимени материјали, уживајте во некои одбрани клипчиња најдени по интернетов...

За ова видео: Стив Хаус ја покажува опремата која ја користеле со Винс Андерсон при првото искачување во алпинистички стил на Рупал Страната на Нанга Парбат... (17 мин.)
 
Одберете следно:

 

4мин: Дидие Берто прави прекрасно прво искачување на пукнатината „Greenspit“ во Италија со оцена 5.14. Претходно ги вади експанзионите клинови и ја качува со свое обезбедување - френдови, чокови... Ова е извадок од филмот „Прво искачување“... >>>>

 

16мин: Убаво видео за искачувањето на „Лотус“ кулата во Канада од страна на Томи Колдвел, Бет Роден, Арно Петит и Стефани Боде... >>>>

 

20 мин: Лин Хил за нејзиното фантастично искачување на насоката „Носот“ на Ел Капитен во слободен стил. Малку историја за насоката, локалитетот, нејзините подготовки... Неверојатно! >>>>

 

22мин: Прекрасно видео за искачувањето на 4 француски алпинисти на нова насока на Транго Пулпит (6050м). Тие качуваат 20 дена и резултат на тоа е насоката „Азазел“...>>>>

2 мин: Мечето Беком качува на мраз. Супер анимирано клипче! >>>>

Наскоро повеќе...

Copyright © 2005 Alpinizam.org