Инес Паперт

Родена е во 1974 година во Витенберг, Германија.

Во периодот од 2000-та до 2006-та година има освоено преку 20 први места на натпревари во качување на мраз; во 2007 година стана прва девојка со искачена М13 микс насока; првенствени WI6+ искачувања; многу 8а насоки, а достигната и 8b...

Повеќе информации на нејзината веб страна: http://www.ines-papert.de

Share

Иднината е во микс качувањето во чист стил!

- 10.03.2010г.

После неколку искачувања на микс насоки во Шкотска, Инес Паперт со таа своја изјава покажува колку ја воодушевил силниот етички пристап практикуван од островјаните - и во најтешките услови.

Ако во многу работи таа беше прва девојка – сега стана прва и во искачување на шкотска „VIII-ка“. Според Иан Парнел, кој како нејзин гостопримлив домаќин ја однесе во потешките насоки на Беин Еиг, претходно дамите стигнале „само“ до VI. Но еве што уште кажува Инес:

„Условите за качување во Шкотска во зима се совршени. Заедно со Одри Гарипи и Мет Одиберт можевме да видиме од прва рака зошто овде нема долги редици за качување: долги пристапи, ненадејни промени на временските услови и тешкото качување во чист стил (со чокови, френдови...) го прават качувањето вистинска авантура.

Микс насоките кои се обезбедени со експанзиони клинови често качувањето го сведуваат на акробатски движења по насоки оценети како M13, каде важна улога игра физичката форма на алпинистот. Денес цепините имаат одличен „фат“ и насоките стануваат потешки само со зголемување на нивната должина и експонираност. Како и во спортското качување – падот на експанзиони клинови е лесно искуство. Работите се многу поинакви во Шкотска.

Ова патување ми врати надеж. Со години на новите насоки кои се качуваат им недостасува вистинско ниво на алпинистичка посветеност. Што се случило со нашата етика?

Сигурна сум дека можеме многу да научиме од Британците. Шкотските алпинисти ја имаат достигнато оцената V во микс качувањето во 1950-тите години, а денес тоа што го прави Дејв Меклод е убав показател што сé може да се направи во тешки микс насоки качувајќи во чист стил. Во Шкотска никогаш не се употребувале експанзиони клинови, а дури и на алпинистичките клинови се гледа со „криви очи“. Алпинистите си ја враќаат целата опрема назад дома, а нема „абзел станици“ со оглед на тоа што симнувањето се прави од другата страна на планината. Не е чудно што овој начин на качување не е „модерен“. Но секако е авантуристички и зарем не е тоа предизвикот кој сите ние го бараме? Ако сме навистина искрени кон самите себе – сигурно истражувањето на нашите психолошки граници е тоа што го бараме.

По 6 години циркус по натпреварите во качување на мраз, почна да ми станува досадно во нештото што го нарекувам „мајмунски стил“ на качување по микс насоки обезбедени со експанзиони клинови. Сакам нови авантури и се обидов да го пренесам своето високо достигнато ниво на качување во планините. Го сакам чистиот стил на качување, но никогаш немав качувано во тој стил тешки насоки во зимски услови. По ова мое патување во Шкотска сигурна сум дека тоа е иднината.

Без експанзиони клинови! Мислам дека тоа е одличен тренинг за подолги насоки и не е за чудење што шкотските алпинисти се многу успешно во тешки технички насоки во Хималаите.

Овде качувањето за мене беше различно – но генерално подобро искуство! Искрено си мислев дека ако одиме да качуваме нова насока, ќе треба да бушам клинови на сидриштата. Откако помина ова искуство можам да кажам дека тоа ќе беше голема и глупава грешка!

Овие искачувања се чекор напред пред било кое качување на мраз што сум го направила во минатото. Овој стил го прави качувањето толку многу поинтересно и поразлично... и потешко! Не бев изненадена што се чувствував незгодно на насоки кои се полесни од тоа што е моја горна граница на техничка тежина. Моја најтешка микс насока е М13. Но со овој начин на качување многу е различно. Не можете едноставно да претрчате некоја М13-ка. Овде предизвикувачки ми беа насоки полесни за пет оцени од тоа...“

 

Друго од Инес:

- Иднината е во микс качувањето во чист стил;

- Обид на Кизил Аскер Октомври//2010г.;

- Посета на Шкотска - 2011г;

- „Трошка утеха“ и Кизил Аскер-септември/2011г.;

- Нова насока на неискачената Лику Чули 1

 

Copyright © Alpinizam.org