Други текстови за Димитар Илиевски - Мурато:

- Дел од спортска биографија и признанија;

- Димева насока IV/VI (VI+);

- Медал за заслуги за Македонија

Share

Димева насока IV/VI (VI+)

Насоката се наоѓа на Матка. Беше почната од Димитар Илиевски - Мурато, Ѓорѓи Костовски - Ѓока и Благојче Лазаров - Бале во 1988 година, а е довршена на 18-ти Октомври 2003 година и во чест и спомен на Мурато е наречена Димева насока.

Димева насокаПрви качувачи: Диме, Ѓока и Бале - долниот дел т.е. 2/3 од насоката, а Дарко Спировски, Слободан Трпевски - Екстреме и Јован Попоски - излезниот дел со клучното место - пречка во вертикала.

Оцена на насоката: IV во долниот дел (50 метри) и VI(VI+) во клучните 40 метри.

Пристап: Од паркингот на Матка, преку кајакарското мовче се оди од десната страна на Треска. По патчето надолу (лево) се оди до местото каде клисурата се отвара во коса ливада. Од ливадата по првото на десно до под карпата која е практично прва во кањонот и се карактеризира со голем превис (скоро таван)

Опис: Влезот е по реброто што е најнизок дел од карпата. По него до првото сидриште - дрво (40м). Во првиот дел карактеристично место е мал превис (одличен клин). Првиот дел е ронлив (релативно добро исчистен, но сепак треба да се внимава особено кога карпата е водена).

Горниот дел оди по лицето на вертикалата што се протега десно од маркантниот превис - таван. Сите клинови се оставени па дополнителен опис за правецот не е потребен. Клучно место е пречка во вертикален дел што води во лево (3-4м) до плиток жлеб. По жлебот до неговиот крај, а од таму преку полесен терен до крај на карпата.

Враќање: Од излезот на насоката надолу од другата страна на карпата косо на десно до шумовитиот дел каде има старо патче (сега доста обраснато). Тоа патче води до убав планински пат. По него на лево до истата појдовна ливада.

Забелешка: Повеќето клинови во насоката се солидни, но сепак треба да се проверуваат. Потребни се неколку дополнителни клинови.

Во белиот круг е карпата во која се насоките К1, К2, К3 и К4.

 
Copyright © Alpinizam.org