Наш партнер:




На оваа тема:

- Долна облека;

- Belay Device изолација;

- „Подебели“ полари

Share

Millet: долна облека

-24.05.2012г., Игор Т.

Во планинските спортови, кај кои често има промена на интензитетот на активноста и кои се одвиваат во средини кај кои честите промени на временските услови се многу нормална работа, секој слој на облека е многу важен. Сигурно секој од вас кој бил на планина, независно дали бил на некое алпинистичко искачување или пак на планинарска тура со било каков интензитет, приметил дека не е важен само најгорниот слој на облека – на пример јакната, која е прва на удар на надворешните влијанија (снег, дожд, ветер...), туку и сé друго под нејзе и тоа почнувајќи од самата долна облека. Тоа е слој на облека кој е во директен контакт со нашето тело, па и кај него е многу важно и тој да биде издржлив на износување од постојаното триење со другите слоеви на облека и телото под товар на ранецот, да топли, да биде дишечки т.е. да ја спроведува потта кон надвор и лесно и брзо да се суши.

Како човек кој е често активен во планинските спортови, среќен сум што конечно ќе имаме можност да имаме избор на квалитетна долна облека од францускиот производител Millet, која веќе е достапна преку Outdoor.mk. Во следните неколку реда ќе ви ги претставам основните карактеристики на овие производи и технологијата која ова компанија ја користи во изработката на долната облека...

Основата на долната облека која ќе биде во почетокот достапна е т.н. „Fusion” технологија, со која градбата на производот се состои од соодветна комбинација на природни и вештачки влакна т.е. во овој случај волна и полиестер. Тие овозможуваат производот да биде максимално комфорен и функционален: волната дава топлина и е антибактериска, а полиестерот го подобрува преносот на влагата кон надвор и го зајакнува производот.

Но Милет овде не застанува. Покрај користење на таков соодветен материјал за градба, од компанијата се погрижиле производот кога ќе биде составен, да биде и што пофункционален. Всушност тоа е можеби и првата работа која се приметува кај нивната долна облека: независно дали се работи за горен или долен дел, производот е како прошаран со плетки. Тие не се така направени случајно или пак за да ги направат производите поинтересни, туку тие се внимателно направени плетки кои одговараат на конституцијата на телото и одговараат на потребите на секоја област посебно. Тоа во голема мера го зголемува комфорот и практичноста на производот.

Исто така Милет кај своите производи користи и Polygiene® техологија, со која тие се заштитуваат од бактерии кои вообичаено се развиваат на материјалите и кои се причина за ширење на непријатна миризба (која е прва лоша карактеристика кај слични вакви производи). Имено со минимално користење на специјална сол, се овозможува на природен и многу ефективeн начин производот да биде антибактериски третиран и тоа гарантирано да го одржува како нов.

Милет во производството на голем дел од своите производи исто така делумно користи и рециклирани влакна и со тоа ја докажува својата цврста решеност да работи на развој на производи кои се со минимално лошо влијание врз средината, а сепак да ја задржи нивната ефикасност и издржливост.

Милет со тоа нуди краен производ кој може да се користи во сите периоди од годината, кој е многу едноставен и лесен за одржување и кој е екстремно издржлив. Покрај тоа што Милет нуди горен и долен дел во овој сегмент, тој нуди и посебни кроеви за машки и женски модели, кои доаѓаат во различни бои: виолетова, портокалова, црна, темно сина...

Outdoor.mk во периодот до 31-ви мај на целиот асортиман во својата продавница нуди попуст од 20% и овие производи се достапни по одлични цени! За повеќе детали посетете ја продавницата на улица Македонија, во непосредна близина на спомен куќата на Мајка Тереза.

Copyright © Alpinizam.org