Партнер во нашите авантури

 

Друго од Black Diamond:

- Челни лампи (модели 2014/15)

- First shot;

- Челни лампи (модели 2012/13) ;

- Каталогот од 1972-ра

Share

Челни лампи на Black Diamond

-25.08.2012г., Игор Т.

Outdoor.mk од оваа недела во својата продавница ќе понуди неколку врсти на челни лампи од богатата програма на Black Diamond (BD). Тоа се моделите: Icon, Spot, Cosmo, Moxie и Gizmo.

Генерално...

Сите челни лампи на BD нудат неколку нивоа на осветлување и со тоа овозможуваат прецизно подесување на светлината според моменталните потреби на корисникот.

Во своите модели BD користи диоди со различна моќност: т.н. DoublePower LED, TriplePower LED и QuadPower LED, кои емитуваат насочена светлина на подолги растојанија, со што се олеснува снаоѓањето во ситуации кога корисникот се движи брзо или пак има потреба да го најде точниот правец на движење во темницата – гледајќи подалеку. SinglePower диодите пак фрлаат поширок сноп на светлина кој е корисен за читање, разни активности во кампот/шаторот или пак за заштеда на моќноста на батериите. Во некои модели (Икон и Спот) BD додава и црвени диоди (по две црвени SinglePower) со што му се овозможува на корисникот да го задржи своето гледање во темница и полесно да се привикне на истата, откако ќе се исклучи лампата.

Моделите во Outdoor.mk…

Ќе ви ги претставам основните карактеристики на овие модели (максимално растојание на осветлување и други функции, животен век на батериите при различна функција, тип на батерии и тежина), за што полесно да го одберете тој модел кој на вам најмногу би ви одговарал.

Икон е највисоката класа на челна лампа на Black Diamond. Таа доаѓа со две различни по моќност бели диоди: една QuadPower LED и две DoublePower LED. Ако се одбере најсилната функција на оваа лампа, таа со своите 200 лумени овозможува максимално осветлување на растојание од 100 метри и при тоа може да работи 75 часа. При избор на најслабата функција на најголемата моќност, осветлувањето достигнува растојание од 14 метри и при тоа лампата може да работи 175 часа.
Ако пак се одберат послабите ЛЕД, осветлувањето при нивната најсилна функција може да достигне растојание до 10 метри (75 часа на работа) т.е. 4 метри (250 часа) при најслабата фукнција.
Овој модел доаѓа со 4 АА батерии и заедно со нив тежи 230 грама, а на него има и показател кој во три нивоа покажува уште колку е останато за користење на батериите.
Видео за Икон за други детали:

 

Спот е висока класа на челна лампа која доаѓа со нешто послаба комбинација на 3 бели диоди од Иконот. Посилната ЛЕД кај нејзе е една TriplePower LED и со своите 90 лумени, при најсилна функција овозможува осветлување на растојание од 70 метри и при тоа може да работи 50 часа. Ако пак се одбере најслабата функција на оваа ЛЕД осветлувањето достигнува 8 метри и при тоа лампата ќе може да работи 200 часа.
Другите две диоди се две SinglePower LED и со нив при најсилната функција осветлувањето достигнува 15 метри (90 часа на работа) т.е. 5 метри (250 часа) при најслабата функција.
Овој модел доаѓа со 3ААА батерии и заедно со нив тежината на лампата е 90 грама, а и кај него има показател во три нивоа за животот на батериите.
Видео за Спот за други детали:

 

Космо и Мокси се иста класа на челни лампи и се разликуваат единствено по шарите на ластикот: Мокси е женски модел :) Доаѓаат со две различни ЛЕД (вкупно три бели): една DoublePower LED и две SinglePower LED. Со посилната комбинација, со своите 55 лумени, се овозможува максимално осветлување на растојание од 33 метри и при тоа може да работи 50 часа. При избор на најслабата функција на најголемата моќност, осветлувањето достигнува растојание од 6 метри и при тоа лампата може да работи 175 часа.
При избор на функционирање на двете SinglePower LED, осветлувањето достигнува 18 метри (90 часа) т.е. 3 метри (250 часа) при најслабата функција
И овие модели, исто како Спот, доаѓаат со 3 ААА батерии и тежат 90 грама.
Видео за Космо и Мокси за други детали и кај нив:

 

Гизмо не е најслаб модел на BD (тоа се моделите Виз со 16 лумени и Ион со 12 лумени), но во моментов е најслаб во Outdoor.mk, а тоа секако не го прави најлош избор: сепак секој корисник има различни потреби!!! Доаѓа со две SinglePower диоди, достигнува 35 лумени, максимално осветлување на растојание од 20 метри и работа од 6 часа. Ако се одбере најслабата функција на овие диоди, тогаш осветлувањето достигнува 5 метри, а лампата при тоа ќе може да работи 72 часа.
Овој модел доаѓа со 2 ААА батерии и заедно со нив тежи 58 грама.


За други детали околу овие челни лампи контактирајте со Outdoor.mk на: info@outdoor.mk

Copyright © Alpinizam.org