Алпинистичко училиште

За сите сериозно заинтересирани кандидати, вршиме обука според подготвителната програмата за стекнување назив „алпинист курсист“ при Македонската Алпинистичка Асоцијација. Тоа вклучува:

  1. Основни релјефни форми на карпа и планина и ориентација на планина,
  2. Планирање на една планинарска и алпинистичка тура ,
  3. Облека за движење и престој во планина,
  4. Алпинистичка опрема
    • карабинери, видови и намена
    • јажиња, видови и намена
    • појаси
    • шлем
    • патики за качување...
    • основно за опрема за качување и нејзино одржување ,
  5. Постапки при одредни планирани и непланирани ситуации во карпа ,
  6. Најчести повреди во планина и основи на прва помош,
  7. Системи на карпа
    • сидришта
    • самоосигурување и осигурување на партнерот
    • системи за (само)извлекување
    • движење по гребен
    • паралелна наврска
    • абзајл (спуштање со јаже) од карпа,
  8. Основно за системите во снег
    • глечерска наврска
    • сидриште во снег и мраз
    • осигурување во снег и мраз
    • абзајл низ заснежена падина ,
  9. Алпинистички јазли ,
  10. Качување
    • качување како прв насока со тежина III +
    • слободно качување со тежина V
    • качување во мраз како втор
    • ноќно качување како втор
    • техничко качување,
  11. Основно за скалите за оценување на тежината на насоките ,
  12. Основно за алпинистичкиот експедиционизам ,
  13. Алпинистичка етика (слободно качување, почит кон карпата, колегијалност, вистинито прикажување на резултатите...),
  14. Одржување на алпинистичките локалитети,

Но вршиме обука и на секој кој само сака да проба, да има малку поразличен викенд, едноставно само сака да се забавува, релаксира...

kontakt@alpinizam.org

Copyright © 2005 Alpinizam.org