Share

Болдеринг - Прилеп

- 24.03.2011г., Игор Т.

Во изминатиот период на болдерите околу Прилеп својата втора посета на овие локалитети ја одработуваа словенечки качувачи водени од Рок Шишерник. Овој пат во споредба со претходната посета од пред околу 2 години, ги послужија временските услови и тие беа многу вредни. На карпите беа активни околу 2 недели и резултат на тоа се многу искачени болдер проблеми, а и по некоја чиста линија... Имавме можност да присуствуваме на нивната презентација во Прилеп за искачувањата кои ги направиле помеѓу овие две болдер патувања во изминатите две години: Патагонија, Пакистан, Северна Америка, Алпи... Убаво е да се слушне дека некој со такво искуство зад себе е целосно фасциниран и обземен од болдерите околу Прилеп и поминува повеќе од 1000 километри за нив. Еве на кратко нешто од Рок:

„При оваа втора посета навистина увидов колкав потенцијал има таму доле. Уникатно, единствено и верувајте ми кога ќе дознаат и други луѓе, ова место брзо ќе се развие. Што да се каже за болдерите околу Прилеп? Големи, убави и со голем потенцијал за авантура со безброј линии! Не знаеш која линија ќе се покаже зад следниот болдер. Се работи за барање и истражување на нови места и за мене гранитот околу Прилеп и структурата на карпата е единствена!

Многу, многу ми е мило што ја имавме таа голема привилегија да можеме да истражуваме и да почнеме некое дело – да оди визијата напред. Важно е дека многу работевме и многу качувавме. Искачени се повеќе од 80 проблеми од 5+ до 8а, во реонот Баба...“

Рок уште додава и дека за сите болдери кои се искачени ќе подготви и соодветен водич со ГПС координати, имиња, каде се наоѓаат... А и дека планираат да дојдат повторно и во есен – на уште подолг период!!!

Еве и по некоја фотографија од оваа нивна посета:

Copyright © Alpinizam.org