На Еверест по куси панталони?!?

 

Во Јануари оваа година, Холанѓанецот Вим Хоф истрча полумаратон (21 км) во Финска, носејќи на себе само куси панталони – и бос. Температурата на снегот била –(минус)35 степени целзиусови. За неколку месеци тој ќе се обиде да изведе некаков ваков подвиг и на северната страна на Еверест. Оваа експедиција која е под водство на Холанѓанецот Вернер де Јонг, ќе се обиде да постави нов светски рекорд – веројатно во достигнување на што поголема висина во кратки панталони...

Вим веќе има поставено 9 слични рекорди и тренирал напорно користејќи техники на Тибетски монаси. Тој може да ја регулира температурата на својата кожа и може да издржи ниски температури кои би повредиле или усмртиле обичен човек. Еден од таквите рекорди на Вим претставува и неговото нуркање под мразевите на Северниот Пол во период од 6 минути и 20 секунди – без никаква опрема и облека…

Како подготовка за Еверест, тој се има искачено на Монт Блан во куси панталони каде се одвиваа и другите технички подготовки до 15-ти Март оваа година. Се очекува тимот да пристигне во базниот логор под северната страна на Еверест во средината на Април. Водачот на експедицијата вели дека ова не е обична каскадерска изведба, туку сериозно планирана акција. Вим ќе се качува со употреба на кислород, а во висинските кампови – во шаторите ќе биде облечен и ќе пие топли течности, но штом ќе излезе да качува – ќе мора да има само шорцеви на него…

фотките се од www.boogertfotografie.nl

Copyright © 2005 Alpinizam.org