Дел од биографијата:

Ел Капитен:

Стеф е првата девојка која се качи во слободен стил на „Ѕидот Салате“ на Ел Капитен во 2005 година. Првото слободно искачување беше направено во 1988 година од Тод Скинер и Пол Пиата. Насоката е прв пат искачена од Ројал Робинс, Чак Прат и Том Фрост во 1961...

Стеф е една од трите девојки во светот која се има качено на Ел Капитен во слободен стил водејќи ги сите должини. Во таа елита се Лин Хил (САД) и Стефани Боде (Франција).

Патагонија:

Заедно со сопругот, Дин Потер, се качуваат на Серо Стандард по нова насока и на Торе Егер по насоката „Титаник“ во еден ден – прв пат во историјата на оваа игла. Исто така се качуваат и на Ел Мочо при што Дин прави “base jump” скок од врвот, а Стеф абзелува сама надолу. Заедно со друг алпинист се искачува на Фицрој - прва Американка на оваа планина.

Алјаска, Пакистан, Киргистан - некои од местата каде качува нови насоки на неименувани планини и карпи...

Стеф Дејвис

Често слушам како луѓето велат дека алпинизмот е себична и егоцентрична Стеф Дејвисработа. Сум размислувала многу за оваа идеа. На површината, како спорт или активност, тоа можеби е точно, но за многу алпинисти, алпинизмот е многу повеќе од - само качување. Алпинизмот ми покажа како да гледам преку себе и моите желби и ме научи како да бидам дел од заедницата наместо да живеам во еден мој тесен свет. Научив, како да прифаќам помош од другите и научив како моите силни емоции можат да бидат моја најголема сила, но и моја најголема слабост. Физички, но и интелектуално, алпинизмот ме внесе во еден поголем свет – преку мојата сопствена култура и зона на комфор. Најважно од сé, алпинизмот ми покажа постоење на сили над светот кој го гледаме и ми покажа дека сум многу мала...

Почнав да качувам во 1991 година. Во секој момент само една одлука може да го промени животот. Кај мене беше таа кога наместо да отидам на часот по математика кога бев прва година на Универзитетот во Мериленд, отидов на качување на една мала карпа.

Мојот почеток во алпинизмот беше инициран од импулс. Во реалноста тоа не беше избор, туку повеќе предавање на неизбежното. Дури и сега, кога би требало да сум постара и помудра, најважните одлуки во мојот живот ги донесувам врз основа на тоа како се чувствувам од внатре и никогаш не гледам назад. Само тоа знам да го правам...

Интервју за искачувањето на „Ѕидот Салате“ на Ел Капитен

Најнапред честитки за искачувањето, Стеф. Претпоставувам дека ова е твоето најдобро искачување во долината (Јосемити) до овој момент...
Возбудена сум со секое искачување на кое работам, а ова дефинитвно е најголемото за мене до сега во Јосемити.

Да зборуваме за твојот тренинг за насоката. Трчаше дистанци од 50 километри како подготовка за ова искачување. Знам дека и Лин Хил трчаше долги дистанци кога се подготуваше да ја искачи насоката „Носот“ (“The Nose”) во еден ден. Дали мислиш дека трчање на такви големи дистанци може да биде добра активност за алпинисти или сметаш дека тоа е целосно различна дисциплина?
Сакам да трчам по планински патеки и понекогаш мојата мотивираност е поголема за трчање отколку за качување. Трчањето е толку чисто – само патики и моето куче. Исто така бидејќи тоа за мене е само рекреација, полесно е бидејќи нема табели, споредувања, постигнувања... Кога се обидов само малку, видов колку многу е потребно за ултра маратоните и им се восхитувам на луѓето кои трчаат огромно дистанци. Генерално тешко е да се стават една до друга овие две работи, а трчањето исто така ми отежнува да качувам во најдобра форма. Обично кога качувам многу, скратувам на трчањето и трчам на пример час и половина по патеки – три пати неделно
.

Во еден текст на два пати спомена „јога“. Практикувањето јога изгледа ви е многу важно на тебе и на Дин...
Почнав да учам јога пред две години. Во тој период станав и вегетеријанец. Физички и духовно овие две работи ми го сменија животот и ги однесоа моето качување и трчање на друго ниво

Во истиот текст ти велиш дека за ова качување си се концентрирала на две работи: трчање кое веќе го спомена и болдеринг. Кое е твоето ниво во болдерингот? Дали сериозно го работиш овој тип на качување или гледаш на него само како на тренинг? Колку тешки проблеми поминуваш?
Кога јас и Дин бевме многу помлади и кога болдерингот не беше популарен како што е сега, зимските периоди ги минувавме во Хуеко Тенкс (голем болдеринг локалитет во Тексас). Бевме фанатични и посветуваме голема енергија на тоа. Подоцна во тој период почнавме да одиме во Патагонија и станавме повеќе страсни за планините. Кога имав малку повеќе од 20 години поминував болдеринг проблеми со оцена V8 што беше високо ниво во тоа време. Од тогаш, иако го сакам болдерингот не го работам толку интензивно како во минатото. Генерално избегнувам да работам нешто кога тоа ќе стане „тренд“ и признавам дека големата популарност на болдерингот ме направи помалку мотивирана за него од порано!

7 работи кои најмногу и значат:
1. Кога имав 20-тина години, качував на Ѓаволската Кула во Вајоминг. Тогаш беше прв пат кога водев, а не бев исплашена и почувствував како голем товар да беше симнат од мојот грб. Тогаш не можев да поверувам дека во минатото сум уживала во качувањето и покрај ограничувањето од стравот. Ова беше многу поразлично и позабавно!
2. Во 1996 година наполнив 24 години. Тогаш прв пат качив 5.13 (10-ка по УИАА) и скоро веднаш заминав за Патагонија. Тоа беа возбудливи времиња.
3. На 25 години заминав за Киргистан. Најмногу за да си покажам себе си, солирав насока од 30 должини на еден врв таму и спиев на карпата. Прекрасно искуство
4. Кога имав 29 години во мојата 5-та експедиција во Патагонија конечно успеав да се качам на Фицрој заедно со еден Германец кој го сретнав во базниот логор. Кога се вратив дома, се верив и се венчав со Дин (Потер) тоа лето. Тоа значеше крај за некое време на експедиционизмот и почеток на интензивно качување во Јосемити во следните неколку години. Во минатото постојано бев на релација „експедиции – слободно качување дома“ и никогаш не можев да го подигнам нивото на слободно качување. Бракот означи промена. Беше време да бидам постојано во САД и да ја прифатам пасијата на мојот сопруг кон Јосемити.
5. Кога имав 31 година слободно се качив по Ел Капитен, а после еден месец го качив слободно во еден ден. Потполно се сконцентрирав кон качување во слободен стил на Ел Капитен и за прв пат почувствував самодоверба дека можам со Дин Потер и кучето Флечерда направам слободно качување на голема карпа ако се посветам на тоа.
6. После 2 години пауза, заедно со Дин отидовме во Патагонија. Заедно го направивме првото искачување на Торе Егер во еден ден. Имавме поминато неколку сезони во Патагонија – одвоено и заедно и со многу напори, успеси и проблеми. Ова заедничко искачување значеше многу за нас – како сопрузи и како партнери во качувањето.

7. Во 2005 година во слободен стил се качив по насоката „Ѕидот Салате“ („Salthe Wall") на Ел Капитен. Тоа беше мој животен сон.

Почетоците

Дин (Потер – нејзиниот сопруг) и јас бевме беспомошно контролирани од врската на нашата пасија која ја имавме еден кон друг и кон алпинизмот и тоа ги направи нашите животи хаотични и драматични. Моите родители мразеа сé што правев и предвидуваа дека мојот живот ќе се сведе на мизерија. Во последен момент успеав да влезам во правниот факултет во Болдер (за докторски студии – бидејќи има завршено факултет и магистрирано) – чисто да се обидам. Ми беше потребно една недела да видам дека тоа не е во ред. Идилата заврши. Не можев да продолжам со универзитетскиот живот.

нејзиниот дом на почетокотВо следните седум години живеев во седанот на мојата баба – со сите извадени седишта, а потоа се преселив во полуксузен и користен Форд Ренџер. Понекогаш работев како келнерка, а понекогаш како водич и го посветив мојот живот само на качувањето на карпи, но кога ми се проширија хоризонтите – и кон авантурите во планините. Се заљубив во Моаб (во државата Јута), каде изнајмив место за складирање на моите лични работи, а исто се зачленив и во тамошна библиотека. Таму исто така се заљубив во едно кученце, Флечер. Таа е некаква мешавина и целосно се вклопи во мојот вагабонтски начин на живеење.

Постојано се грижев дека мојот живот е за никаде и се движи кон уништување. Но како што минуваа годините, сé помалку се грижев. Да се живее во автомобил значи да се има ниски побарувања и иако бев неверојатно сиромашна, немаше никаква разлика од животот во студентските денови освен што сега требаше да си платам социјално осигурување. Бев во можност да си купам храна, каква-таква облека и по некоја книга кога немаше библиотека во близина. Остатокот од моите пари одеа на експедиции во Патагонија и Азија, со помош и на грантови од алпинистички организации. Увидов дека нема потреба човек да се грижи за иднината.

Факт е дека јас сум неспособна да правам нешто ако не сум целосно посветена на тоа, освен ако не се работи за некоја кратка потреба – како на пример кога бев келнерка. Иронично е тоа што патот во овој момент ме довел до живот со кој сум толку задоволна што воопшто не можев тоа да го предвидам. Сé уште го имам Фордот и сакам да живеам во него. Јас и Дин сега сме венчани и живееме заедно со Флечер на релација Моаб – Јосемити. Понекогаш дури живееме и во некоја куќа. На наше големо изненадување сега сме професионални алпинисти и работиме за компанијата Патагонија ("Patagonia"). Од секогаш ја ценевме оваа компанија и таа ни стана наша втора фамилија. Моите родители се шокирани и им е многу полесно. И јас се чувствувам така...
 
Copyright © Alpinizam.org