За Гастон Ребуфа:

- Извадок од „На мраз, снег и карпа“;

- Извадок од „Сјај од ѕвездите и невреме“;

- Ребуфа во Вселената

Share

Ребуфа во Вселената

„Ја испраќаме оваа порака во Вселената... Од 200 милијарди ѕвезди во Млечниот Пат некои – а веројатно многу – може да се населени со цивилизации. Ако една од тие цивилизации го пресретне Војаџер и ги разбере овие снимени содржини ова е нашата порака: Се обидуваме да го преживееме нашето време со цел да живееме во вашето. Се надеваме еден ден, откако ќе ги имаме решено проблемите со кои се соочуваме – ќе се придружиме во заедницата на Вселенски Цивилизации...

Оваа плоча ја претставува нашата надеж, решеност и добра волја во широкиот и прекрасен Универзум... Ова е подарок од еден мал, далечен свет – колекција на нашите звуци, нашата наука, нашите фотографии, нашата музика, нашите мисли и нашите чувства...“

Ова е дел од пораката која беше пратена преку лансираниот Војаџер во 1977 година од страна на тогашниот Претседател на САД, Џими Картер.

Војаџер во себе ја содржи Златната Плоча на која се впишани звуци и фотографии кои треба да го претставуваат животот на луѓето на Земјата со целата своја шареноликост.

Една од испратените 116 фотографии е и фотографијата на која е прикажан големиот француски алпинист Гастон Ребуфа во карактеристична поза - на врвот на карпата со прекрасно алпско опкружување во позадината:

Другите фотографии ќе можете да ги погледнете овде >>>>

 

Copyright © Alpinizam.org