| Насоката на соништата – во еден ден
Основни викенд-тренинзи за искачување на насоката Regular Route (Нормална Насока) на Half Doum ( Халф Доум) – или било која друга долга насока
- Текст од Тод Смит
Вовед
Само неколку насоки во светот се толку восхитувачки како Regular Route на Северо-западната страна на Халф Доум. Сместена во долината Јосемити, таа се издигнува 23 должини, има оцена VI и прв пат е искачена од Ројал Робинс, Џери Галвас и Мајк Шерик во период од пет дена во 1957 година. Од тогаш таа стана цел на стотици алпинисти – меѓу кои и јас.
Оваа насока во еден момент е искачена и за помалку од два часа, но брзото качување не е нешто што ми значи многу на мене како просечен качувач – ниту на Том Брескотер. Минатата година, качувајќи најмногу само за време на викендите и само неколку дена земени како одмор од работа, Том и јас успеавме да направиме наша верзија на „брзо качување“ на оваа насока на соништата – ја качивме за еден ден. Или поточно ни беа потребни четиринаесет часа.
Не качувавме слободно ништо потешко од 5.10 (видете споредбено колку е тоа по UIAA). Со добар тренинг, било кој викенд-качувач лесно може да биде и побрз од нашето време ако слободно качува до 5.9. Токму поради тоа го пишувам овој текст: тренинг за „брзо качување“ за алпинисти кои работат многу во текот на неделата.
Долго време, јас и Том работевме на различни техники за брзо качување и откривме дека некои „профи“ тактики не се изводливи од наша страна – кака на пример ризичното паралелно качување. Така ние направивме адаптација на тие тактики со наши „секојдневни“ стратегии.
Текстот е поделен во три дела: подготовки и тренинг, специфична стратегија за одделни должини на насоката и препорачана опрема.
Без разлика дали вашата цела е Халф Доум за еден ден или било која долга насока, следните совети и трикчиња ќе ви помогнат да станете побрзи и се надеваме дека нема да имате потреба да ја запалите челната лампа во последната должина...
|