- Целосно посветени на вистинскиот алпинизам -

Основачи (уредници, текстописци, фотографи и сé друго:)) на првиот сајт во Македонија целосно посветен на алпинизмот сме ние - Игор и Весна Талевски.

Igor i Vesna TalevskiДел од нашата спортска биографија можете да ја видите во делот „Наши искачувања“. Во него недостасуваат некои интересни приказни за планинарски тури кои ги имаме направено во Македонија, но и „надвор од неа“ и се надеваме дека тоа што побрзо ќе го исправиме...

Овој сајт е обид на наш сопствен начин да помогнеме во промоцијата на овој врвен спорт во Македонија. Иако во нашата земја оваа активност се работи веќе со децении и постојат неверојатни услови за убави искачувања и подготовки и за врвни експедиции и во најголемите масиви во светот, сепак за жал алпинизмот е неверојатно маргинализиран.

Овој сајт исто така е обид на наш сопствен начин да ги заштитиме вистинските цели и вредности на алпинизмот. Во изминативе 20-тина години поради недоволна информираност на јавноста (скоро никаква), во општата свест постои погрешна слика за тоа што тој навистина претставува. Како и во секоја друга активност и во алпинизмот постои процес на Игор и Весна Талевскиеволуција и денес него го дефинираат „некои други работи“. Нив ќе се обидеме што подобро да ви ги претставиме преку разни содржини на сајтот - „Едукација“, “Новости“, „Галерија“. Тие содржини постојат со цел преку слика и текст да ви го претставиме Вистинскиот алпинизам.

За жал поради нашите работни обврски и сепак желбата што повеќе да качуваме наместо да седиме „по дома“, содржината на сајтот можеби нема толку често да биде надополнувана и ве молиме за разбирање.

Сите ваши идеи и коментари, несогласувања и согласувања, подршка и лоши мисли, можете да ни ги пратите на kontakt@alpinizam.org

Ви благодариме,

Copyright © 2005 Alpinizam.org