Опрема:

-цени во Шамони и Љубљана

-Шлемови

-Тенки единечни јажиња

-Челни лампи

-Плочки (алатки за обезбедување)

-Дупли полици

Дома

Преглед на плочки - алатки за обезбедување

Плочките – тубуси се мој избор на алатки за обезбедување. Уште се сеќавам на првиот пат кога употребив плочка – мојот партнер заморен од моето мотање на јажето низ „осмица“ (друга тип алатка за обезбедување) ми ја понуди неговата можеби претерано користена плочка - но која беше во добра состојба. Беше CAMPдоволна само една должина, едно обезбедување и едно абзелување да станам зависен на неа – јажето минуваше „мазно“ низ неа (посебно кога ќе се спореди со работата со „осмицата“), а исто така имав и многу подобра контрола на триењето при абзелувањето.

Сите плочки на пазарот се појавуваат со различни дизајни и форми, но сите тие имаат една заедничка работа – тубусот секако. Едноставната форма на оваа алатка има голема површина на допир со јажето која се однесува добро кон него и која не го усукува кога тоа минува низ неа како при работа со „осмицата“ на Climb Axeпример. Секој производите си има свој модел – долги и тенки, кратки и цврсти… Идеално, тубусот би требало да има подебели ѕидови за намалување на загревањето, зголемување на издржливоста и фин контакт и однос кон јажето. Тенките ѕидови лесно се литат и може да се создадат остри рабови кои може да ја оштетат кошулицата на јажето…

Исто така треба да земете во обзир и какво јаже употребувате. Некои модели многу добро работат со тенки и дупли јажиња, но воопшто не примаат дебели јажиња. Многу производители сега во тубусите вградуваат запци кои служат за подобро контролирање на триењето кое се дава врз јажето. Оваа карактеристика е одлична за при спуштање и абзелување, а исто така дава поголема можност за работа со јажиња со различни дијаметри.

Сите модели (освен еден) во овој тест имаа жичани кабли кои не дозволуваат плочката да ви побегне по јажето. Моделот на Омега Пацифик беше со метален дел за оваа намена. Овие кабли имаат различна дебелина и флексибилност и тоа игра своја улога во издржливоста. Некои кабелчиња лесно се виткаат, а кога такво нешто ќе се случи време е да се замени алатката. Важно е тоа да биде силно и издржливо. Алатката за обезбедување е многу важен дел од алката за безбедност. Black Diamond ATCБидете внимателни во изборот – можете да спасите живот – на вашиот партнер или вашиот.

Black Diamond ATC XP: Одлична работа за сé: минување на јажето низ неа, кочење на падови, абзелување со можност за различно триење со јажето… Дебелите ѕидови на тубусот кои се и фино заоблени работат „мазно“ со јажето – најдобро во овој тест. Без никакви маани - Оцена: 5

DMMDMM Bug: Тубусот има дебели ѕидови кои се издржливи и одлично работат при обезбедување и со единечни и со дупли јажиња. Тенките канали во тубусот овозможуваат лесно кочење и на тенките јажиња, но ова е проблем кога треба да се работи низ нив со 11мм јажиња, а во некои случаи некои модели не успеавме ниту да ги протнеме низ нив. Оцена: 4+

Hugh BannerHugh Banner Sheriff: Солидна и практична алатка во сите категории. Дебелите ѕидови на тубусот се многу издржливи и „пријатни“ кон јажето и единствена мана е тоа што во него нема можност за различно ниво на триење со јажето. Оцена:

Advanced Basecamp Arc & C.A.M.P. Shell: Исти модели од различни производители – одлично служат за запирање на падови, но слабо се покажуваат при минување на јажето низ тубусот и при абзелувањето. Исто така ѕидовите на тубусот се многу тенки така што премногу брзо се загреваат.. Оцена: 3+

Metolius BRD: Одлична работа при азбелување и спуштање каде што „рогот“ игра одлична улога за контролирање на триењето со стискање на него со палецот или целата дланка. Мана е тоа што плочката многу брзо се загрева. Оцена 4+
Omega Pacific

Omega Pacific SBG II: Има одличен систем кој овозможува многу поефективна работа со јажето – само со мало поместување на металниот дел во неа – во една позиција многу подобро се обезбедува и абзелува со единечни јажиња, а во друга позиција се обезбедува со тенки дупли јажиња. Тоа е малку комплициран процес и за да го извлечете најдоброто од оваа плочка ќе треба претходно добро да го проучите упатството. Оцена: 5-

TrangoTrango Pyramid: Има одлично ефективен дизајн кој овозможува контрола на триењето на јажето низ неа. Исто така материјалот овозможува распределба на топлината која се создава при триењето. Потенкиот дел од тубусот често го блокира јажето при брзо минување низ него. Оцена: 4+

Wild Country Variable Controller: Името целосно одговара – овозможува одлична контрола на триењето при абзелување и спуштање. Асиметричниот тубус има широка и пријатна на јажето површина која овозможува „мазно“ минување на јажето низ неа. Таа исто така и одлично го закочува јажето – тоа беше еден проблем кога тоа се движи премногу брзо низ неа поради тоа што често го блокираше. Оцена 4+

CassinCassin GTC: Оваа плочка е една од поскапите, но затоа и дава солидни перформанси во сите категории. Исто така, таа е и авто-блокер што значи дека ако при обезбедувањето и на двајца партнери кои качуваат зад вас, ако еден од нив или двјацата паднат, таа сама ги закочува двете јажиња. Една голема мана е тоа што има голем и крут (но тенок) кабел, кој ако еднаш се извитка – нема враќање…Оцена: 4+

KongClimb Axe Big Air & Kong/Advanced Basecamp Chuy : За толку мала направа (овие две се идентични модели од различни производители) има одлични перформанси и дава одличен баланс помеѓу запирање (кочење) на падови, минување на јаже низ неа и абзелување. Тубусот има различни бразди на двете страни (со различни запци и триење). Флексибилниот кабел издржа посилно малтретирање од крутите кабли на другите модели. Внатрешниот дел на тубусот добро ги одвојува двете јажиња, но се појавуваат потешкотии при минување на јаже од 11мм низ него. Оцена: 4+.

- прегледот е превземен од списанието Climbing со дозвола од редакцијата

Copyright © 2005 Alpinizam.org