Опрема:

-цени во Шамони и Љубљана

-Шлемови

-Тенки единечни јажиња

-Челни лампи

-Плочки (алатки за обезбедување)

-Дупли полици

Дома

Преглед на тенки единечни јажиња

Сé до доцните 80-ти години од минатиот век, изборот на дијаметар на јажето беше едноставен и единствен: 11мм. Кога се појавија првите 10.5мм дебели јажиња се појавија многу скептици кои се сомневаа во нивната безбедност и издржливост. Сепак, многу алпинисти за многу брзо време почнаа да ги користат нив како и новите (кои ги произведуваше скоро секој производител) 9.8мм дебели јажиња. Во овие нови „луди“ времиња 9.5мм е нешто сосема вообичаено, 9.3мм е „свежо“ на пазарот, а за 9мм единечно јаже - сигурно ќе се појави барем еден таков модел околу кој повторно ќе се дебатира во следната година

Овие тенки јажиња исто така може да се користат за разни потреби. Многу од денешните 9.8мм јажиња се употребуваат практично за секој вид на качување освен за ептен долги насоки на карпа при кои може да настане сериозно уништување па дури и на 11мм јажиња. Сепак, што потенко јаже се користи толку се стеснува и кругот на можностите за негова употреба. Јажињата потенки од 9.5мм би требало да се користат само за спортско качување, во алпинистички насоки каде нема потреба од двојно јаже и експонирани долги насоки (со многу должини) каде нема да има големо триење по карпата.Ако се одлучите за тенко јаже важно е истото прво да видите како минува низ вашето средство за обезбедување - дали добро го кочат јажето. Плочките не би требало да бидат проблем. Сепак, Petzl вели дека нивната многу позната направа Grigri, може да кочи само јажиња не потенки од 9.7мм. Исто така, додека јажето не омекне малку а обвивката која го прави суво не добие малку на крутост, се препорачува да се наврзувате со чвор – осумка.
Деветте јажиња кои ги тестиравме имаат дијаметар од 9.8мм до 9.3мм и ги испитувавме како функционираат при укопчување, обезбедување и при влечење кога има големо триење. Кога се снабдувате со јаже земете ги во предвид овие наши забелешки, но исто така прочитајте ги и податоците прикажани на декларациите. Секое јаже во овој тест беше со UIAA и EN сертификати. Од тие стандарди следниве се најважни:

Тежина: Ако исечете еден метар ов вашето јаже и го измерите, тоа ќе биде потешко од декларираното „гарм-на-метар“ од производителот. UIAA ги добива овие бројки со сечење дел од јажето кое тежи околу 11кг (22 фунти), од кое потоа сече еден метар и ја мери неговата тежина
Дијаметар: Зошто две јажиња кои имаат ист дијаметар, а се од различни производители имаат „некако“ различна дебелина? Како и со тежината, UIAA го одредува дијаметарот на тој начин што става тег на одредена должина од јажето и прави неколку мерења на таа должина, од кои вади просек - и тоа е бројката на дијаметарот на јажето.
Број на падови: За среќа тестот со кој UIAA го одредува бројот на падови кои може да ги издржи јажето е многу строг. За таа цел тег од 80-тина кила се пушта да паѓа околу 5 метри од вкупна должина од околу 9 метри на јаже преку предмет со радиус од 10мм – ова симулира пад преку карабинер. При тоа се добива фактор на пад 1.78. Секое јаже мора да може да издржи најмалку такви падови. Јажињата во нашиот тест беа сертифицирани дека може да издржат најмалку такви падови. Исто така постои и т.н тест „остар раб“ во кој јажето наместо преку предмет со радиус 10мм паѓа преку премет кој има прав агол со врв од 0.75мм. За ваков тест јажето треба да издржи барем еден пад. Некои производители не јаприфаќаат валидноста на овој тест, па Комитетот за Безбедност при UIAA оформи работна група да развие попрецизен тест за ова испитување.

Статично и динамични издолжување: Статичното издолжување се одредува со ставање тег на одредена должина на јаже – колку е помало ова издолжување толку помалку се истегнува јажето кога се влечете нагоре по некоја насока. Динамичното издолжување се мери при првиот тест за испитување на бројот на падови – едноставно кажано тоа е издолжувањето кое ќе се случи при фактор на пад 1.78 Колку поголемо е ова издолжување (изразено во проценти), толку „помек“ ќе биде вашиот пад. Сепак не се цени и многи големото истегнување. Ова испитување не е задолжително за добивање UIAA сертификат, но многу производители го ставаат како карактеристика во декларациите.

Beal Stinger 9.4: Има токму доволна крутост за лесно прикопчување – со лесно потегнување лесно влегува во карабинерот.Од друга страна пак токму таа крутост прави лесно да се уништува при интензивно качување 3-4 дена. Лесно е, но и лесно се уништува и надворешната кошулица. Оцена: 4+

BlueWater Dominator 9.3 Ова во моментов е најлесното и најтенкото единечно јаже во светот. Тежи 2 грама на метар помалку од својата најблиска конкуренција. Не изгледа многу но на 60 метри се добиваат 150-тина грама. Јажето е меко и поради тоа потешко се прикопчува – но само тоа беше и маната. Вистински избор за тие кои се грижат за тежината која ја носат на себе. Оцена: 5-

Edelrid Livewire 9.8 За некој кој сака да се снабди за прв пат со единечно јаже потенко од 10мм – со добра цена. Ова јаже лесно се спротивстави на секое малтретирање и единствена мана беше што по нелку дена малку омекна и тоа малку го отежна прикопчувањето и обезбедувањето – но само во мала мера. Издржливо и евтино, но омекнува. Оцена: 4

Edelweiss Laser 9.6 Многу испитувачи го оценија како премногу круто јаже. Тоа е причина лесно да се абе кошулицата, но сепак е издржливо и евтино. Оцена: 4+

Mammut Infinity 9.5 Убава рамнотежа помеѓу мала тежина, издржливост и лесно ракување. Одлично се прикопчува и убаво минува низ сите средства за обезбедување. Оцена: 5

Maxim Whippet 9.5 Одлично се покажа на „масирањето“ по насоките. Меката кошулица и цврстата внатрешност придонесоа за лесно прикопчување и обезбедување. Мана е неговата тежина – тежи како некои 9.8мм дебели јажиња. Оцена: 5-

PMI Elite 9.4 57 грама-на-метар: едно од најлесните јажиња во овој тест. Исто така има и најмек пад – 35% динамично истегнување. Ова придонесува јажето да станува некако рамно во текот на качувањето, но ја враќа својата форма во текот ан ноќта. Оцена: 4

Roca Minus 9.8 Идеален кандидат за малтретирање на остра површина – независно гранит или варовник. Имаше најмногу број на падови кои може да ги издржи, а исто така беше сертифицирано дека издржува и пад преку остар раб. Кошулицата кој е со третман да го држи суво отпрвин дава чувство дека јажето е многу тенко. Оцена: 4

Sterling Nitro 9.6 60 грама-на метар – одлично за тешки водења. Има издржлива кошулица и добро се справува со малтретирање по насока. Сепак, многу брзо омекнува и тешко се прикопчува и обезбедува. Оцена: 4+

- прегледот е превземен од списанието Climbing со дозвола од редакцијата

Copyright © 2005 Alpinizam.org