Опрема:

-цени во Шамони и Љубљана

-Шлемови

-Тенки единечни јажиња

-Челни лампи

-Плочки (алатки за обезбедување)

-Дупли полици

Дома

Преглед на челни лампи

Првата челна лампа ја добив на 12-тиот роденден – директно од каталог за разно-разни армиски потребштини. Имаше камуфлажно-зелена боја, разни гуртнички и црвена леќа – за да не му смета на ноќниот визир... 8 години подоцна гордо му ја покажав лампата на мојот пријател при едно искачување на врвот Халет. Кога ја виде мојата реликвија тој само прокоментира: „Што е тоа? Подобро за тебе е тоа нешто да работи – ти си на ред да водиш сега“. Почнав да качувам и брзо се навикнав на ѓаволски црвената светлина на карпата. За жал кога почна малку да врне, светлината одби да свети нагоре, туку полека ротираше надолу сé додека не ги осветли моите нозе. Морав да ја подигнвуам нагоре на секои пет секунди – очигледно требаше да се подновам. Од тогаш сум во потрага по вистинската комбинација на удобност, функционалност и светлина...

Тестиравме 4 челни лампи опремени со халогенски сијалички. Зошто со халогенки? Затоа што создаваат поголема светлина од обичните, а разликата е толку голема што откако ќе купите таква, тешко ќе сакате да користите поинаква. Мана е секако тоа што пребрзо ги трошат батериите и тоа три пати побрзо од обичните сијалички. Тоа можеби не е проблем за качување во еден ден, но е проблем за големи насоки или експедиции.

За среќа многу производители овој проблем го решија со ставање LED-ови во челните лампи – некои со комбинација со халогенките. Овие сијалички даваат пријатна дифузна светлина и трошат помалку батерии. Една таква лампа може да свети и до 100 часа на три нови AA батерии. Иако тие даваат само мал дел од светлината на халогенките, тие се одлични за организирање на опремата, при готвење и читање. Комбинација на овие две значи дека ќе можете да качувате со халогенката, а таму каде не е потребна толку силна светлина да одите со LED лампата и да заштедите на батерии.

Лампите ги испитувавме при качување, планинарење и кампување. Гледавме колку се компатибилни со шлемовите и дали се комфорни да се носат на гола глава. Беа испитувани следните фактори: лесно достапна резервна сијаличка (која идеално би била ставена зад рефлекторот или во кутијата со батерии), копчето за вклучување и исклучување и начинот на менување на батериите, издрчивост и отпорност на временските услови... Сите лампи ги меревме колку светат непрекинато со нови алкални батерии – го запиравме времето кога имавме проблеми со препознавање на теренот на растојание од три метри.

Black Diamond Super Nova: Овој модел ги содржи сите крајни дострели во техниката. Лампата има димер – тоа значи може да се подеси да свети со различна јачина – 30%, 50% или 100%. Ова во значителна мера заштедува енергија. Во зависност од тоа како се користи батериите траат од 3 до 10 часа, а исто така има и LED сијаличка со свој сопствен извор на енергија – мала 6-волтна батерија. Така, кога халогенката ќе ги потроши четирите AA батерии, 6-волтната батерија ја напојува LED- сијаличката со енергија цели 20 часа. Оваа лампа исто така има и регулаторот на моќноста кој овозможува константна јачина на светлината. Резервната сијаличка е во кутијата за батерии. Одлично стои на гола глава и на шлем, а со свиткување на лампата надолу, се заштитува копчето за вклучување – тоа не дозволува лампата да се запали сама од себе во раницата. Мана – прескапа е. Оцена: 5

Petzl Duo LED Оваа компанија произведува одлични лампи со години и оваа не е исклучок. Таа е комбинација на халогенка и три LED сијалички. Следуваат модели со пет и осум LED сијалички. Тие даваат доволно светлина за водење на насока. Ова е единствена челна лампа во овој тест со подесувачки сноп на светлина. Може да се фокусира кога се бара некој полица за абзел илио пак да се рашири светлината за пребарување на поблискиот терен и релјеф. Плусеви се и копчето за вклучување и исклучување, заштитена резервна сијаличка, леснотијата при ракувањето на лампата со ракавици... Единствена мана е тежината и цената. Оцена: 5.

Pika Gemini: Повторно комбинација на халогенка и (четири) LED сијалички. Копчето за вклучување е лесно достапно со ракавици, а кабелот „за струја“ се откачува од лампата и така се заштитува од несакано вклучување. Добро стои на гола глава, но ова е најтешката лампа во овој тест. Менувањето на батериите е Ахиловата пета за овој модел: потребно е отстранување на штрафче – нешто што не би сакале да го правите на средина на насока. Оцена: 4

PrincetonTec Solo: Најдобар избор за халогенка за враќање до автомобилот после долг ден. Најлесниот модел во тестот чија големина не смее да ве излаже. Има едноставен дизајн и широки гуртни кои ја прават многу комфорна на гола глава и на шлем. Вклучувањето се прави со ротирање на леќата која е поставена со гума. Во пакет со лампата се добиваат и батерии, полар торбичка за лампата, резервна обична сијаличка и рефлектори за светлината. Мана е брзото трожење на батериите – три часа (има само 2 АА батерии) – поради тоа е подобра за трекинг или планинарење, а не за алпинизам. Исто така нема ниту LED- чиња. Оцена: 4-

- прегледот е превземен од списанието Climbing со дозвола од редакцијата

Copyright © 2005 Alpinizam.org