Партнери:

 

 

Share

„Ехо од Банско“ - 2011 година

-31.08.2011г., Игор Т.

Со големо задоволство ве покануваме на овогодинешното издание на „Ехо од Банско“.
Како и минатата година, така и оваа, панорамата ќе биде дел од „Културно лето 2011“ при Општина Карпош. Проекциите ќе се одржуваат во Кинотека на Македонија во периодот од 14-ти до 16-ти септември од 17:30 до 22:00ч.
Влез слободен.

Во галеријата на Кинотека на Македонија исто така ќе има и изложба на фотографии од Алпите. Тие се дело на фотографот и алпинист Александар Дончев од Струмица.

Програмата за 16-ти септември (Петок)

Почитувани,
Поради кошаркарскиот натпревар во 16:30 часот, програмата за последниот ден ќе биде малку изменета. Ви благодариме на разбирањето. Откако ќе ја проследиме победата над Шпанците, повелете во Кинотека на следната програма:

18:00-19:40 „Монт Сент Елајас“, Австрија, 2009г., Гералд Салмина, 100’ („Mount St. Elias“, Austia, Gerald Salmina, 2009, 100’). За филмот: Портрет и сеќавање на Петер Ресман кој загина по 25-метарски пад во планините во Австрија. Тој беше еден од најголемите екстремни скијачи на нашето време. Филмот раскажува за една од неговите најголеми авантури во Алјаска:

-пауза 20 мин
20:00- 22:00 25-годишнина од македонската алпинистичка хималајска експедиција на Манаслу (8156м) одржана во 1986 година. Потсетување на експедицијата преку фотографии. Презентацијата ќе ја води водачот на експедицијата - Јован Попоски.

 

Програмата до сега

14-ти септември (Среда)

17:30-18:00 „Патот на животот“, Британија, 2008г, Дејв Браун, 21′ (“The Walk of Life“, part 5 of „Committed (volume II)“, Great Britain, 2008, Dave Brown, 21'). Еден од најголемите предизвици во кариерата на Џејмс Пирсон - насока по плочите на крајбрежните карпи во близината на Девон:

18:00-19:00 „Тревога за Хималаите“, Холандија, 2009г, Марк Феркерк, 59′ (“Himalaya alert“, Netherlands, 2009, Mark Verkerk, 59'). За филмот: Истражување на климатските промени во реонот на Еверест. Се покажуваат драматични повлекувања на глечерите ставајќи во опасност население од половина милијарда луѓе:

- пауза 15мин.
19:15-19:36 „Хуаскаран-Анди 1982“, Македонија, 1984г. Ценевски Кирил, 21’ За филмот: Претставување на македонската експедиција во Андите во Перу во 1982 година.

19:45-20:30 „Мурато“, Македонија, 2010г, Златко Калински, 40’ Филм за македонскиот спортски великан, алпинистот Димитар Илиевски - Мурато.

-пауза 15мин.
20:45-22:00 „Проектот Асгард“, В. Британија, 2009, Алистер Ли, 69′ (“Asgard Project“, Great Britain, 2009, Alastair Lee, 69'). За филмот: Следење на амбициозниот проект на Лио Холдинг, за прво слободно искачување на Северната кула во неверојатниот масив на Монт Асгард, во канадскиот арктички архипелаг:

 

15-ти септември (Четврток)

17:30-18:06 „Алпска трилогија: „Новата облека на императорот “, Чешка, 2010, Ондржеј Смрж, 36' (“Alpská trilogie: Císařovy nové šaty“, Czech Republic, 2010, Ondřej Smrž, 36'). За филмот: Ондра Бенеш и неговиот пријател Гуидо Унтервуцахер качуваат насока од т.н. Алпска трилогија во Вилдер Кајзер (Австрија). Со нејзе, Ондра Бенеш стана трет човек во светот (после Штефан Гловач и Харалд Бергер кој ги искачил "End of silence" (8b+), "Kaisers neue Kleider" (8b+) и "Silbergeier" (8b+):

18:10- 19:30 „70 години во црвено. Приказни и спомени од 70-те години постоење на „Верверичките од Кортина“, Италија, 2009, Франческо Мансути, Виничио Стефанело, 79′ („Rosso 70/ Storie e memorie di 70 anni di alpinismo degli scoiattoli di Cortina“, Italy, 2009, Francesco Mansutti, Vinicio Stefanello, 79'). За филмот: Во 2009г. познатиот алпинистички клуб „Верверичките од Кортина“, чии членови ги носат „униформските“ црвени пуловери, прослави 70 години постоење. Ова е филмски расказ за нивната историја, за здравата врска помеѓу генерациите која овозможува традициите да живеат и да се збогатуваат:

-пауза 10мин.
19:40-19:45 „Асклепиј“, Македонија, 2011, Крунослав Аџиевски и Ана Велкова, 4' - Претставување на спасителната служба „Асклепиј“,

19:45-20:37 “Портрет на Лионел Тере”, Франциja, 2008, Жил Шапа, 52’ (“La voie Terray”/ “The Terray Way”, France, 2008, Gilles Chappaz, 52’) За филмот: патот на големиот француски алпинист Лионел Тере. Од неговите искачувања до тоа каква инспирација е за денешните генерации алпинисти.

-пауза 15мин
20:53-21:00 „Нашите активности“, Македонија, 2011, Ана Велкова, 10', Презентација преку фотографии на дел од активностите на Македонската Алпинистичка Федерација во текот на 2011 година: искачувања, собири, кадровски акции,
21:03-22:00 „Грабнат од Еверест“, Норвешка, 2007г., Ларс Нилсен, 53′ (“Bergtatt av Everest“, Norway, 2007, Lars Nilssen, 53'). За филмот: По 5-годишна подготовка, двајцата пријатели - Тормод Гранхаим и Томас Олсон, се искачуваат на Еверест со цел да се спуштат од врвот до подножјето со скии. Но, успева само едниот од нив...

 

 

-Организаторот го задржува правото да направи промена во програмата

Copyright © Alpinizam.org