Партнери:

 

 

Share

„Ехо од Банско“ - 2010 година

-31.08.2011г., Игор Т.

Во 2010 година се одржа првото „Ехо од Банско“. Бевме навистина среќни што Општина Карпош ја прифати оваа идеја и ни даде безрезервна поддршка вклучувајќи ja панорамата во рамките на своето „Културно лето 2010“.

Потсетување на програмата (13-15 септември):

13-ти септември (Понеделник)

17:00-17:12 – „Портрет на еден сериски скокач“, Германија 2007/2008, Матијас Тонисен 12’ (“Portrait of a Serial Jumper”, Germany, 2007/2008, Matthias Thoennissen, 12’)
Норвежанецот Андре Бах е еден од пионерите на BASE jumping-от – скоковите со падобран од згради, антени, мостови и карпи. Првите скокови ги прави многу млад, а денес е еден од најсилните претставници на екстремните спортови во светот.

17:12-18:13 – „Летање над Еверест“, Италија, 2004, Фабио Тончели 61’ (“Flying over Everest, Italy, 2004, Fabio Toncelli, 61’)
Филмот е за првото прелетување над Еверест со делтаплан во пролетта 2004 година и за актерот на тоа случување Анџело д’Ариго (Италија), наречен „Човекот-птица“ и „Ученикот на кондорите“

 

18:13-18:57 – “Акопан”, Германија, 2008, Јохен Шмол, 44’ (“Acopan”, Germany, 2008, Jochen Schmoll, 44’)
Филм за искачувањето на превисните карпи на Акопан Тепуи во Венецуела – платовидна планина оградена со огромен карпест венец. Во тоа исклучително атрактивно и адреналинско искачување учествуваат големите мајстори на big-wall качувањето, Германците Штефан Гловач, Курт Алберт, Холгер Хојбер и Венецуеланецот Иван Калдерон. Но дали тие се првите кои стапнуваат на Акопан?

19.00-19.15 – одмор

19:15-19:38 – “Без сонце”, Швајцарија, 2007, Џани Падлина, 23’ (“Sine Sole”, Switzerland, 2007, Gianni Padlina, 23’)
Во едно мало село во планините во Северна Италија, градоначалникот – освен со општинската работа – работи и како возач на воз кој го поврзува ова село со остатокот на светот. Тој сака да ги види своите соселани насмеани и весели и во долгите зимски месеци, кога сонцето не се појавува над долината. И така се раѓа оригинална идеја како да се привлечат во малото село Виганела најголемите медиумски куќи во светот – CNN, BBC, RAI, TSI и други од Шпанија, Данска, Јапонија па дури и Al Jazeera”

19:38-20:13’ – “Надвор од карпата”, Италија, 2009, Елио Орланди, 36’ (“Oltre la parete”/ “Beyond the wall”, Italy, 2009, Elio Orlandi, 36’)
Алпинизмот и качувањето претставуваат задоволство, мир, споделување на страст, заедничко уживање и многу други работи со кои со право може да се наречат чудесно животно искуство. Но што тие значат надвор од карпата - во секојдневниот живот каде има и други важни работи? Овој филм е спонтан и непретенциозен обид да се одговори на тоа прашање од човек кој многу добро го знае тоа со своите десетина премиери во Патагонија и стотиците искачувања во Алпите и Доломитите.

20:13-21:05 – “Чудо на Еверест”, Австралија, 2008, Џенифер Пидом, 52’ (“Miracle on Everest”, Australia, 2008, Jennifer Peedom, 52’)
Ова е расказ за еден од најневеројатните настани кои се случиле на падините на Еверест. За фантастичното враќање на австралиецот Линколн Хол во 2006 година. Тој бил прогласен за мртов поминувајќи половина ден на околу 8600мнв сам, без кислород и без опрема за бивакување. Кога следниот ден до него стигнале луѓе – виделе дека е жив. Тогаш започнува епска спасителна акција која го врати Хол на неговото семејство скоро неповреден и без сериозни последици по неговото здравје.

14-ти Септември (Вторник)

17:00-17:54 – “Ледените воини”, Полска, 2008, Кристоф Виелицки, Јен Широки, 54’ (“Lodowy wojownicy”, Polska, 2008, Krzysztow Wielicki, Jen Sheroky, 54’)
Полските алпинисти се зачетници на зимскиот алпинизам во Хималаите и се автори на први зимски искачувања на осум планини повисоки од 8000м. Ова е поглед кон првите зимски успеси на Еверест, Кангченџунга, Лотце, Чо Оју, Даулагири, Манаслу, Анапурна и Шиша Пангма (од серијата „Полските Хималаи“).

 

17:54-18:20 – “Тропање на рајската порта”, Чешка, 2008/ 2009, Робин Калета, 26’ (“Knocking on heaven’s door”, Czech Republic, 2008/ 2009, Robin Kaleta, 26’)
Многумина сметаат дека BASE-jumping-от (скокање со падобран од карпи, антени, мостови и згради) е најадреналинската активност. Откако ќе го погледнете овој филм во кој учествуваат најдобрите скокачи, ќе се уверите дека тоа е навистина така.

18:20-19:05 – “Карстенц – седмиот врв”, Словачка, 2008, Павол Барабаш, 45’ (“Carstensz – the seventh summit”, Slovakia, 2008, Pavol Barabáš, 45’)
Планината во џунглите на Нова Гвинеја на која паѓа снег, масив кој го запира здивот кога ќе се појави од облаците. Тоа е Карстенс Пирамидата или Ириан Џаја (4884м) – највисоката точка на Австралија и Океанија, една од колекцијата „Седум врва“ кој ги вклучува највисоките планини на сите континенти. Прв пат искачена од Хајнрих Херер (познат по првото искачување на северната страна на Ајгер и со книгата „Седум години во Тибет“) во 1962 година таа и денес го привлекува вниманието како една од најегзотичните и најтешко пристапните точки на планетата. Овој пат до него и до местата населени со легендарното племе Дамал, стигнува камерата на исклучителниот словачки режисер Павол Барабаш.

19:05-19:20 – одмор

19:20-20:11 – “Адреналин и турбуленција”, Унгарија, 2009, Андраш Колман, 51 (“Adrenaline and turbulence”, Hungary, 2009, Andras Kollmann, 51’)
“Аеробатиката – акробатиката со параглајдер, за мене е танц во тродимензионалниот простор. Кога ќе добијам на височина и брзина и кога ќе започнам со сложените маневри, стигнувам до врвот на чувството дека живеам. Тогаш јас и падобранот стануваме едно“ – кажува еден од авторите на овој филм.

 

20:11-21:05 – “По стапките на Нансен. Преку Арктичкиот океан кон ‘ртот Норвегиа“, Бјорг Аусланд, Томас Улрих, 2009, 54’ (“In Nansen footsteps. Across the Arctic ocean to cape Norvegia”)
Најголемиот поларен патешественик на нашето време, Норвежанецот Бјорг Аусланд и неговиот постојан партнер, Швајцарецот Томас Урлих, прават патување по стапките на легендарниот норвешки научник, истражувач и патешественик Фритјоф Нансен и неговиот сопатник Хјалмар Јохансен. Нивниот стил е – да патуваат само тие двајца, без помошна екипа, без поддршка „од воздух“ или претходно организирани кампови. Филмот е снимен од самите учесници.

15-ти Септември (Среда)

17:00-17:36 – “Бафин – остров на децата”, Франција, 2007, Сам Боге, 30’ (“Baffin, l’ ile aux enfants”/ “Baffin, an island of children”, France, 2007, Sam Beaugey, 30’)
Бафин е остров во Канадскиот арктички архипелаг, во водите на Северниот Атлантик - помеѓу Гренланд и континентална Канада. Шестмина пријатели си поставуваат цел да ги поминат неговите диви простири, да направат премиерно искачување на еден од тамошните импозантни бастиони и да направат BASE-jumping скокови од врвот. Авантурата започнува во инуитско село со 800 жители од кои половината се деца.

 

17:36-18:48 – “Напредување”, САД, 2009 г., Џош Ловел, Купер Робертс, Брет Ловел, 70’ (“Progression”, USA, 2009, Josh Lowell, Cooper Roberts, Bret Lowell, 70’)
Ова е филм за најголемите спортски качувачи и нивните најголеми постигнувања во последните години, меѓу кои се издвојува качувањето на Крис Шарма по насоката која се смета за најтешка во светот– “Jumbo Love”.

18:50-19:05 – одмор

19:05-19:50 – “Дами во планините”, Полска, 2008, Кристоф Виелицки , Јежи Порембски, 42’ (“Women in the Mountains”, Poland, 2008, Krzysztof Wielicki, AGORA SA, Artica Jerzy Porebski, 42’)
Филм од серијата „Полските Хималаи“, кој раскажува за големиот пробив во највисоките планини, направен од Ванда Руткиевич – првата жена која се искачи на К2, првата Европејка на Еверест и нејзините колешки во 1970-тите години. Тие започнаа традиција која се негува и денес.

19:50-21:00 – “Беро”, Франција, 2008, Жил Шапа, Рафаел Ласаблие, 69’ (“Berhault”, France, 2008, Gilles Chappaz, Raphael Lassabliere, 69’)
Биографски филм за еден от најголемите француски алпинисти – Патрик Беро, кој загина при обид за пречење на целите Алпи во 2004 година.


Copyright © Alpinizam.org