- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата

 

 

 

 

 

 

 

 

Дома
Совети...

Безбедно повлекување

-текст од Лук Лисер и илустрација од Мајк Клиланд

Кога качувате премногу првентсвени насоки, сигурно барем еднаш ќе се случи да мора да се повлечете од карпата. Доброто претходно планирање и ефикасен процес може да ви помогнат да се симнете брзо и безбедно. Во најдобар случај – ќе бидете влезени во нова насока пред воопшто тоа и да го приметите!

Дуплирај: Во долги насоки со многу должини, дури и ако планирате да се симнете по пешачка патека од другата страна на карпата, секогаш носете две јажиња кои во голема мера ќе ви помогнат да се повлечете брзо и безбедно во случај ако некаде заглавите, се расипе времето или некој се повреди. Со две јажиња ќе правите најдолги абзелувања и наместо да користите сопствени гуртни и замки ќе стигнете до поставените „супер“ сидришта.

Можеш да качуваш со дупло јаже, но јас преферирам да носам некое друго - тенко кое го користам за влечење на ранецот и абзелување – на пример статично јаже со дебелина од 7 милиметри. Тоа е доволно лесно тој што води да го влече на себе или пак вториот да го носи во раницата. Употребата на статично јаже за абзелување е и подобра од динамично јаже поради тоа што тоа не е толку растегливо како динамичното. Ако качувате со јаже од 60 метри рачунајте да абзелувате со должина од 65 метри и на тој начин ќе правите сидришта на подобри места. Исто така кога имате подолго јаже ќе можете по потреба да исечете еден дел од него за правење на подобро сидриште. Насоката качувајте ја со најновите јажиња кои ги имате – избенувајте стари јажиња со излитена обвивка.

Бидете многу внимателни кога користите јажиња со различен дијаметар при абзелување, поради тоа што се создава различно триење низ плочката/осмицата и исто така можно е да се поместува чворот на сидриштето. Овој проблем може да се реши ако во правец на извлекување на јажето се стави подебелето јаже па при поместување тоа да се заглави на карабинерот/алката на сидриштето. Маната на овој метод е што надолу ќе треба да го влечете потенкото јаже што може да ги заморува рацете.

Повлекување од средина: Вашето повлекување може да започне на средина од насоката и тогаш едноставно се спуштате на последното поставено осигурување, а надолу ги собирате другите. Ова е ризично и не го правете! Ако сте заглавиле во едно место, не можете повеќе нагоре и морате да одите надоле, едноставно не го ставајте вашиот живот да виси на една точка. Откачете го јажето со кое сте воделе од најгорната точка и прикопчајте го помошното јаже – при абзелувањето едноставно ги собирате поставените точки за обезбедување и ако попушти најгорната точка тогаш ќе доживеете „нормален“ пад како при водење. Ова секако ќе „држи“ ако ги имате поставувано точките за обезбедување на добро растојание. Ако сте се качиле повеќе од половина должина – тогаш ќе треба да направите 2 вакви абзелувања.


Работете: Откако вие го завршивте абзелувањето и го чекате партнерот да се симне, можете да заштедите малку време со тоа што јажето ќе го поставувате низ новото сидриште за новиот абзел. Така откако ќе се симне партнерот вие веднаш ќе бидете подготвени за надолу. Ако се симнувате прв надолу, тоа значи дека ќе треба да го собирате јажето од местата на кое тоа се заглавило. Внимавајте на препреките под вас и избегнувајте камини и места каде може да се заглави јажето. Секогаш крајот треба да биде под вас поради тоа што е голем проблем ако треба да се качите нагоре за да го одглавите јажето над вас. Важно е да се има систем со кој двете раце би ви биле слободни и би можеле да го ослободувате заглавеното јаже или пак создадените чворови. Наједноставен метод е да се замотка јажето три пати околу едната нога.

Лук Лисер е веб продуцентот на Climbing – автор на многу првенствени насоки и ветеран во повлекувањето од насока.
Copyright © 2005 Alpinizam.org