Дома

Скотланд 2012-та

-03.02.2012г.

Зимската меѓународната средба во Шкотска, во организација на Британскиот планинарски совет повторно оценета како многу успешна. Учество земале 39 качувачи од 26 различни земји, меѓу кои: Белгија, Канада, Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Израел, Србија, Словачка, Словенија, САД, Шпанија, Јужна Африка и др.

Често погрешно се смета дека овие средби (вклучувајќи ги и летните кои се организираат на локалитетите во Велс) се за елитни качувачи, но целите се сосема други: да се промовира пријателство и да се зголеми комуникацијата помеѓу националните федерации, да им се даде на гостите од другите земји можност да ја почувствуваат разноликоста во качувањето во Британија, да им се даде искуство од прва рака за етиката и традицијата на качувањето во Британија и да се создаде платформа за меѓународна дебата и дискусија на актуалени теми во качувањето и алпинизмот во светот...



Така и овој пат, многу од гостите на оваа средба никогаш и не биле во Британија претходно или пак не качувале во познатите шкотски зимски услови. Сепак ентузијазмот и добриот домаќинлак си го направиле своето: многу искачувања од кои секако многу повторувања (некои и први повторувања) на насоки, но и нови насоки. Бројката на искачувања стигнува и до преку 70 насоки во 7 локалитети, а новите насоки се:

  • Pick & Mix – нов директен финиш IX, 10: искачен од Ник Булок и Бајард Расел (САД),
  • Нова насока во локалитетот Stacan Duhba, VII,7: искачена од Сајмон Ричардсон и Маркус Грисхамер (Германија),
  • 3 нови насоки во локалитетот Creagan Coire Cha-no. V,5; III,4; IV5: искачени од Сајмон Ричардсон и Силвијан Бабо (Франција),
  • Нова насока во локалитетот Sgurr Nan Lapaich IV,4: искачена од Сајмон Ричардсон и Магнус Штромал (Шведска).

Покрај искачувањата за време на сребата биле организирани и разни презентации, а како и секоја година така и оваа биле доделени и награди од некои од британските производители на опрема (во случајов годинава тие биле од компанијата ДММ од Велс).

 
Copyright © Alpinizam.org