На оваа тема:

- Нанга Парбат во зимски услови;

- К2 во зимски услови

Дома

Нe може без Полјаците

-18.01.2012г.

Каде се видело да помине некоја сезона, а да нема обид на некои полски алпинисти да направат прво искачување на планина повисока од 8000м во зимски услови?

Во моментов им две такви експедиции. Првата која ви ја претставуваме е експедицијата водена од Артур Хајзер, која ќе се обиде да направи прво зимско искачување на Гашербрум 1 (8068м). Тоа е мала експедиција во која покрај водачот, членови се уште и Адам Биелицки (28), неговата сестра Агњешка Биелицка (33), која е организатор на базниот камп и Јануш Голаб (43). Во моментов тимот патува кон базниот камп каде се надева да стигне најдоцна до 22-ри јануари.

Целта на експедицијата е до врвот да стигне преку Јапонскиот кулоар. Можеме да ја следиме на овој сајт:

 
Copyright © Alpinizam.org