|
Нанга Парбат (8125м) - во зимски услови
-04.01.2012г.
Додека Русите си работат на К2 (8611м) за прво зимско искачување на таа планина, при крајот на минатата година Симоне Моро и Денис Урубко тргнаа кон Нанга Парбат – исто така за прво зимско искачување. Денис веќе ја има искачено оваа планина - во 2003 година без употреба на дополнителен кислород.
Ова би било четврто искачување во зимски услови за Симоне на планина повисока од 8000м. Во 2005-та година заедно со Пјотр Моравски се искачија на Шиша Пангма (8013м), во 2009-та година заедно со Денис се искачија на Макалу(8481м), а заедно со Денис и Кори Ричардс, минатата година го направија првото зимско искачување на Гашербрум 2 (8035м)...
Нанга Парбат, планината која прв пат беше искачена од Херман Бул во 1953-та година, е една од 4-те преостанати планини повисоки од 8000м (сите во Пакистан) кои немаат искачување во зимски услови и покрај тоа што обидите за вакво постигнување на нејзе започнуваат уште во 1989-тата година. На „Голата планина“ како што е нарекувана оваа „германска планина“ (поради бројните германски први експедиции на нејзе) има вкупно околу 350 искачувања...
Симоне и Денис од вчера се во базниот камп кој е на висина од 4230м. Експедицијата можете да ја следите на страната на Симоне:

|