Вчера пишавме за Полјаците, а денеска ви го претставуваме и вториот тим кој ќе се обиде да направи зимско искачување на оваа планина. Тоа е интернационален тим чиј водач е австрискиот алпинист Герфрид Гешел, а покрај него тука се и Шпанците Алекс Чикон и Карлос Суарез, Полјакот (да и овде има еден :)) Дарек Залуски, Швајцарецот Седрик Хал и Пакистанецот Нисар Хусеин.
За разлика од Полјаците кои официјално ќе се обидат да стигнат до врвот преку Јапонскиот кулоар, овој тим ќе се обиде да искачи нова насока! Минатата зима Герфрид и Алекс, тогаш со Луис Русо при обидот стигнаа до височина од 7100 метри, од каде поради лоши временски услови мораа да се повлечат.
Еве моменти од тој обид:
Експедицијата оваа година можеме да ја следиме на сајтот на Герфрид: