|
K2 - во зимски услови
-09.12.2011г.
Полека ќе почнат да стигнуваат информации кои тимови се подготвуваат да заминат во Пакистан, со цел да ги искачат преостанатите планини повисоки од 8000м во зимски услови. Еве една од нив:
Рускиот национален тим се подготвува за искачување на К2 (8611м) во зимски услови. „Најсилните во светот“ ќе се обидат да ја „освојат“ К2 – „најопасната и најсеверна планина на планетата повисока од 8000м“. Претставувајќи го како „клучен глобален алпинистички предизвик“, членовите на овој тим велат дека тие го прифатиле тоа и дека се способни да го направат... (Во наводници се цитати од нивната официјална страна)
Тимот веќе ја има оваа планина зад себе. Во 2007 година тие искачија нова насока на нејзе преку западната страна. Други позначајни искачувања во светот на највисоките планини на членови на овој тим се и новата насока на северната страна на Еврест (8848м), која оди помеѓу Нортон и Хорнбеин кулоарите во 2004 година и првото искачување на Средниот врв на Лотце (8414м) во 2001 година...
Овој пат тимот има 9 качувачи и некои ифнормации велат дека тие не планираат да користат дополнителен кислород (ќе биде оставена по некоја боца во секој камп за секој случај) и висински носачи. Многу повеќе ќе се види секако кога ќе почнат со искачувањето. Еве и линк до нивната официјална страна:

|