Rock Hostel за Барселона
-26.01.2012г.
Архитектурата во служба на качувачите :)
Полската компанија УГО со свој предлог за хостел во Барселона. Можете да го погледнете на фотографијата десно. Проектот е нивен одговор на меѓународниот натпревар насловен „Barcelona Bohemian Hostel for Backpackers”.
Иако проектот е од минатата година, веројатно допрва ќе се слуша неговото ехо во качувачките кругови со оглед на понудата која би ја нудел овој хостел наменет токму за нив.
Основна тема на натпреварот било да се креира хостел висок 100 метри кој би станал нов препознатлив мотив на Барселона и би бил уникатен.
УГО предлага овој хостел (т.н. Rock Hostel) да биде изграден од камен од блискиот масив на Монтсерат, кој е истиот камен кој бил користен во градбите од стариот град. Во него би имало 50-тина соби, базен (со можност да се скока во него од карпите), спа, вежбални, кино, паб, продавници и вештачки ѕидови за качување за почетници.
Од надворешната страна пак, во повисоките делови на хостелот би имало можност за „понапредните“ качувачи, да спијат на посебни форми „висејќи“ над градот. Секако, со оглед на каменестиот екстериер на зградата (која би се правела од камени плочи од по четири метри) тие би можеле да стигнат до овие платформи и качувајќи се до нив...
ОК :) Еве и по некој замислен поглед „од тераса“:

|