Share

Бивакот Џервасути

-12.12.2011г.

Ултра модерно засолниште

Од италијанска страна во масивот на Монт Блан (под источната страна на Гранд Жораз) на надморска височина од 2835м, поставен е новиот бивак Џервасути (именуван во чест на големиот италијански алпинист Џусто Џервасути). Стариот објект поставен уште во 1940-тите години, неколку пати бил обновуван, но поради тоа што повеќе не бил фукнционален, било решено да се замени со нов, со тоа што уште од прв поглед ова ново засолништето остава впечаток на градба која е светлосни години далеку од традицијата. Изградена во фабриката LEAP од Торино, „куќарката“ се состои од неколку елементи кои се целосно изградени во фабриката, а потоа се хеликоптер пренесени на местото и таму споени. Во внатрешноста која е голема околу 30 квадратни метри има место за сместување на 12 луѓе, посебен дел за дневен престој со прекрасен поглед кон долините, а од надворешноста на покривот има соларни панели кои овозможуваат енергетска независност на објектот – за најпотребните работи: метео известувања, комуникација, медицински помагала итн, итн...

Еве по некоја фотка од изградбата и внатрешноста:

Copyright © Alpinizam.org