Бизнис
-04.11.2011г.
Адидас го купува 5.10
Иако кај нас Адидас како бренд скоро и да не се поврзува со планинските спортови, сепак оваа компанија во изминатите неколку години покажа голема посветеност на овој план: преку производство на посебна облека и материјали за овие активности, партнерство со врвни спортисти од планинските спортови и слично, а еве со последните инфорамции кои доаѓаат од седиштето на оваа групација, тие размислуваат во следните неколку години да станат водечки играч во ова поле. Всушност се споменуваат и бројки: да се достигнат 500 милиони евра до 2015 година. Во моментов еден од чекорите кон остварување на таа цел е фузија со бренд кој веќе е одлично етаблиран во овој свет: американската Фајв Тен.

„Возбудени сме од тоа што ги здружуваме силите со Фајв Тен. Тоа е водечки бренд во техничкиот дел од овој пазар и во активната заедница. Качувачите, планинските велосипедисти и други спортисти од овие спортови, многу ги почитуваат нивните производи“, вели Ролф Рајншмид од Адидас. „Фајв Тен во континуитет е во врвот по иновациите и ја дели истата пасија кон спортистите, како што ние тоа го имаме во Адидас. Ова ќе биде одличен додаток во портфолиото на Адидас во делот на планинските спортови. Со оваа мерка ја докажуваме нашата јасна посветеност кон планинските спортови и нашата амбиција да имаме водечка улога во оваа индустрија....“
Чарлс Кол пак, основачот на ФајвТен вели: „Овој договор е возбудлив момент за нашата компанија. Конечно ќе можеме да го достигнеме нашиот целосен потенцијал... Ни се допаѓа филозофијата на Адидас и фокусот на квалитетот на производот...“
|