|
По нешто за Федерацијата на Планински Спортови на Македонија (ФПСМ)
На 17-ти Јуни 2009 година делегатите на ФПСМ го изгласаа Јовица Угриновски (Ј.У.) за свој старо-нов Претседател. Ј.У. имаше само еден противкандидат - Јован Попоски и делегатите веројатно ептен задоволни од досега сработеното на Ј.У., изгласаа негов нов мандат со големо мнозинство - 20:4. Нека им е со среќа!
Два моменти ми беа посебно интересни на ова собрание. Прв момент кој ми беше интересен беше претставувањето на сработеното од страна на Ј.У. во 2008 година - имаше многу точки, не успеав да ги запомнам сите па по писмен пат ќе побарам во име на сите вас почитувани посетители да ни биде овозможено да се изначитаме. Втор момент кој ми беше интересен беше финансовиот извештај на ФПСМ за 2008 година кој ви го претставувам веднаш:
Финансов извештај - Федерација на планинарски спортови на Македонија за 2008г.
Приходи:
1.Приходи од претходна година 131.910,50
2.Приходи од Агенција за млади и спорт
-за стручно лице во Федерацијата 249.000,00
-за функција на Федерацијата 99.000.00
-за реализација на програма 1.061.000,00
3.Приходи од маркици и членарина 245.820,00
4.Приходи од кирија 997.658,00
5.Приходи од спонзорства 79.120,00
6.Други приходи 160.608,00
7.Приходи од камати 1.307,00
Вкупен приход 3.025.423,50 денари (или на нашки - околу 48000 Евра)
Расходи:
1.Расход за бруто плата 454.695,50
2.Расходи за исплата на превоз и храна 46.340,00
3.ПТТ трошоци – пошта и телефон 161.882,00
4.Потрошен канцелариски материјал 32.447,00
5.Расходи за фотокопирање 1.489,00
6.Расходи за струја 47.383,00
7.Расходи за одржување на простории (чистење) 13.323,50
8.Расходи за реновир на домот Чеплес (безкаматна позајмица) 163.235,00
9.Расходи за геодетски услуги (Шипковица – план. Дом Јелак) 21.240,00
10.Расходи за реконструкција на просторија – Руен К. Паланка 49.077,00
11.Расходи за печатење на дипломи, списание 125.834,00
12.Расходи за заеднички трошоци – Даре Џамбаз (парно, вода) 249.686,00
13.Расходи за Скопје-69 – дом на глуви (по договор) 119.715,00
14.Расходи за вештачка карпа (проектанти) 150.000,00
15.Расходи за реализација на спортска програма 815.994,50
16.Банкарска провизија 19.817,50
17.Работа по договор 151.114,00
18.Расходи за котизација во меѓународни организации 59.734,50
19.Расходи за патни и дневни трошоци 115.114,00
20.Расходи за набавена спортска опрема 11.800,00
21.Набавени медаљи 2.492,00
22.Функција на федерацијата 104.609,00
23.Данок од добивка 45.497,00
Рекапитулација:
1.Вкупен приход 3.025.423,50
2.Вкупен расход 2.962.528,50
Вишок на приходи: 62.895,00
Платен данок: 6.290,00
За пренос во 2009год.: 56.605,00
* * * * *
Моја забелешка (во однос на финансиите):
Македонската Алпинистичка Асоцијација (МАА) во 2008 година со прераспределба, од целиот тој приход на ФПСМ (околу 48000 Евра) има добиено 121550 денари (или на нашки околу 2000 Евра). Скоро исто толку имаат добиено и сите други асоцијации (или федерации - кој како е регистриран) т.е. поточно: Ориентација - 128417.00, Планинарска - 135460,00; Спелеолошка - 135693,00 и Спортско качувачка - 150613,00 денари.
МАА има добиено најмалку од сите...
Сите асоцијации/федерации заедно имаат добиено околу 10000 Евра - од вкупен приход 48000 евра на ФПСМ. Се поставува прашање дали ФПСМ постои поради асоцијациите/федерациите или обратно?
Додека секоја асоцијација/федерација при излагањето на сработеното за 2008 година се жалеше дека немало пари за повеќе активности - нека погледнат подобро во износот на барем дел од расходите на ФПСМ... Секоја трафика знае дека во моменти на „светска криза“ сите трошоци - ама апсолутно СИТЕ трошоци треба да се сведат на минимум. Мене во некои од нив не ми изгледа дека се штедело...
Сите алпинисти би биле пресреќни кога би им бил платен патниот трошок до некој локалитет - Доломити, Алпи, Бугарија... Тоа е најголемиот трошок - возило, бензин, патарини... За опрема „ај ќе се скрпиме од таа што ја имаме“...
МАА во 2008 година имала една акција во Бугарија и една во Алпи и Доломити (верувам тоа во исто патување)! Верувам дека МАА и сите членови треба да ја запрашаат ФПСМ за тоа каде толку разговарале на телефон и праќале пошта за 3000 Евра (поголем расход од нивниот годишен буџет) на пример... Белким може оваа година помалце да се зборува на телефон (само таа ставка ја земам во предвид бидејќи боде очи) - па МАА да направи уште барем една акција или повеќе... Кога веќе сеуште размислуваат да остануваат во ФПСМ...
Имам уште што да коментирам, но сега за сега ќе останам на толку и ќе ви дадам шанса на вас почитувани посетители...
Прв пат на нашиот сајт оставаме можност за ваши коментари. Оваа тема иако не заслужува можеби толку внимание - сепак заслужува... Сите коментари ќе бидат објавени - единствено нема да бидат објавени тие со вулгарна содржина...
-Игор Т. (19.06.2009г.)
|