|
Алпинисти - уметници (2)
- 04.02.2010г.
На 4-ти Февруари 2010 година, бугарската веб страна climbingguidebg.com ги објави резултатите од конкурсот за најдобра фотографија за претходната година.
Фотографиите оваа година беа групирани во 4 категирии („Качување“, „Алпинизам“, „Lifestyle“ и „Фати го моментот“). Во категоријата „Алпинизам“ третото место го освои фотографијата „На работ“ на Весна Талевска. Фотографијата прикажува искачување на експонираниот дел од насоката „Козина“ на Матка. Со фотографиите пак „Сам“ и „Погледот“, Весна го освои 8-то и 9-тото место во категоријата „Lifestyle“ ;)
Ова е успешно продолжување на учеството на македонските алпинисти во оваа манифестација. Ве потсетуваме на минатогодишните учества на Зоран Мајсторски и Горан Кузмановски - во текстовите од левата страна.
Тоа што е поважно е што најчесто овие фотографии се од домашните локалитети - Матка, Кожуф, карпите покрај Прилеп... Многу посреќни сме за тоа - успешното претставување на убавините на нашата преубава Македонија!
„На работ“ - Игор Т. на „Козина“ (IV+/VI) на Матка  |
Честитки!!!
|