Ролање

Весна на стаза

 

Весна на стаза

 

Игор скока

Други Активности

Mаратон на Себенадминување на Шри Чинмој - Мај/2007

После околу еден и пол месец без некоја посериозна активност (освен посетата на Пилав Тепе) поради целосно реновирање на нашиот дом, конечно почнавме нешто да правиме – започнавме со полумаратон. Како што и беше најавено на нашиот сајт, во организација на Шри Чинмој Маратон Тимот од Скопје, на 6-ти Мај во Градскиот Парк се одржа 9-тиот по ред Маратон на Себенадминување на Шри Чинмој. Јас трчав полумаратон, а Весна беше „официјалниот“ снимател на маратонот...


Времето беше добро – малку топло во еден период, но сепак во најголем дел од трчањето бевме заштитени од облаци. Овој пат бев поспор за 3 минути од моето најдобро време (истрчав 1:49 на оваа дистанца од 21км), но беше ОК. Сепак немав трчано подолго време и единствен добар тренинг ми беа утакмиците на „ултимејт фризби“ (немам превод на ова) и среќен сум што некако и лесно се чувствувам сега додека го пишувам ова – 4-5 саати после трчањето. Ќе видиме утре за на работа како ќе ми биде :).

Нешто што ми остави впечаток на оваа трка беа двајца инспиративни тркачи. Едниот на 74 години го истрча својот прв полумаратон, а другиот беше странец (Полјак) - исто така во години (преку 50, а можеби и повеќе) и тој имал истрчано околу 40 маратони во разни главни градови во Европа

 

-Игор

Даскање

Игор и Весна на Шапка

 

Весна

 

Игор

Copyright © 2005 Alpinizam.org