Ролање

Весна на стаза

 

Весна на стаза

 

Игор скока

Други Активности

Ултрамаратон на Себенадминување - 12/24 часа

На 23/24- Септември 2006 година учествував на ултрамаратонот во Белград – „Ултрамаратон на Себенадминување на 12/24 часа“. Правилата се едноставни – учесниците трчаат, одат, се одмараат, спијат 12 или 24 часа и кој во тој период ќе измине најмногу километри – е победник. Јас пред неколку години (во 2001 година) од преголем ентузијазам учествував на трката на 24 часа, но сега се одлучив за пократката варијанта. Ниту тогаш, ниту сега не се подготвував специјално за овие трки – едноставно сакав само да видам дека сум способен да го поминам тоа. „Тоа“ не е само времето од 12 или 24 часа или пак волку или онолку километри. „Тоа“ е една голема битка со сопствениот сомнеж дека можеш да издржиш, со волјата - со што ли уште не. Овие трки многу се разликуваат од трките на 100 метри, 1500 метри па дури и маратоните – овие трки се многу повеќе од само трчање.

Нејсе – ултрамаратонот се одвива за време на викенд – тркачите на 24 часа започнуваат на пладне во Сабота, а финишираат во Недела на пладне, а тркачите на 12 часа започнуваат на полноќ Сабота – Недела и финишираат со претходните во исто време.

Со уште четворица други тркачи (сите на 12 часа) од Скопје тргнавме околу 9 часот во Саботата и во Белград стигнавме околу 3 часот попладнето. Тркачите на 24 часа веќе си трчаа. Околу 7 часот вечерта решивме да отспиеме малку и тоа беше некаков одмор со постојано будење-заспивање. Во 11:30 часот пред полноќ почнавме да се подготвуваме. Времето беше одлично – не беше студено, но најважно – не врнеше. На полноќ започнавме со трчањето. Да се разбереме – не се трча постојано – ретки се тие случаи. Може да се оди, потскокнува... Важно е само да не се прекине трката пред време, а дозволен е и одмор. Всушност невозможно е а да не се преспие „една партија“. Мене ми се приспа некаде околу 6:30 сабајлето – ќе заспиев во движење. Со оглед на тоа што има дрва околу патеката тоа ќе беше опасно, па одлучив да легнам – си го наместив алармот да ме разбуди за 25 минути – доволно е иако звучи кратко. Кога сме кај патеката – таа е кружна од 2 километри. Да – се вртиме во круг 12 часа (или 24 часа)...:)

Откако почнав повторно да се движам (трчам и одам) веќе почнав да чувствувам болки во нозете и тука сега почнува посилно да си игра умот - не ми правеше проблеми да застанам, туку сé од внатре ми велеше да одам поспоро, а јас се обидував да трчам – веројатно тоа на некој од страна и не му изгледало како трчање...:)

Како и да е – на крајот имав поминато 82 километри и тоа е сега нешто што некој следен пат ќе се обидам да го надминам.

-Игор

Даскање

Игор и Весна на Шапка

 

Весна

 

Игор

Copyright © 2005 Alpinizam.org