| Маратонско трчање
Алпинизмот бара добра општа кондициона подготвеност. Освен пешачењето по планините во летни и зимски услови, најчест облик на кондиционен тренинг ни е трчањето. Исто така со цел да си покажеме дека сме кондиционо подготвени, неколку пати имаме учествувано и на официјално организирани маратони, при што најчесто имаме трчано полумаратон (21.1км).
Весна има истрчано 1 официјален* маратон (42,2км) со резултат од 4часа и 51минута и неколку полумаратони со најдобро време 1час и 53минути. Во 2001 година во Ниш, на 7-от Зимски Маратон истрча 2:05часа при што го освои 2-то место.
Игор најдобро време на маратон има истрчано 4:18часа (прв и последен до сега - во 2001г.), а на полумаратон 1:46. Исто така во 2001 година во Белград, учествуваше на Ултрамаратонската трка на 24 часа, при што помина 110км.
Никогаш не сме се подготвувале сериозно за овие трки, ако може да се каже дека и воопшто сме се подготвувале. Единствена мотивација ни била „да се видиме до каде сме“, да се надминеме...
Други активности:
-Маратон на Себенадминување на Шри Чинмој (05/2007);
-Планински велосипедизам: Богомила - Нежилово - Чеплес (09/2006);
-Ултрамаратон на Себенадминување на 12 / 24 часа (09/2006);
-На Водно со велосипеди - низ фотографии (11/2006)

*неофицијално имаме повеќе пати истрчано големи дистанци вклучувајќи (полу)маратони... |