Дома

Покана за

Меморијален Марш „Четири алпинисти“

Почитувани,

По повод тринаесет години од несреќата во која животот го загубија нашите пријатели - алпинисти: Влатко Боцевски, Бранислав Ристовски, Огњан Филиповски и Предраг Толмачев, во периодот од 02-04.12.2011г. во организација на АК „К2“ ќе се одржи традиционалното искачување на врвот Солунска Глава.

Ве повикуваме заедно да го одбележиме овој настан и да оддадеме почит на нашите пријатели.

Програма на меморијалот:

Петок 02.12.2011г.
- Пристигнување и сместување во планинарскиот дом “Чеплес“ во попладневните и вечерните часови.
- За тие кои не знаат или не се сигурни како да пристигнат до пл.дом “Чеплес“ ќе биде обезбедена придружница. Оваа група ќе појде од Богомила (зборно место железничка станица) од 16:30 - 17:00 часот. АК “К2“ ќе се потруди да обезбеди транспорт за целата група до село Нежилово, а доколку тоа е изводливо (во зависност од условите на патот) и до самиот пл.дом “Чеплес“.
22:00 - Отварање на меморијалот.

Сабота 03.12.2011г.
08:00 - Старт на маршот. Посета на месноста “Горна Бабина Рупа“ и  искачување на врвот “Солунска Глава“.
16:00 - Ручек - планинарско гравче
18:00 - Потсетување на нашите другари (проекција на документарниот филм изработен во нивна чест)
19:00 - Проекции на филмови на тема планинарство и алпинизам.
21:00 - Планинарска вечер

Недела 04.12.2011г.
- Кратки прошетки
12:00 - Затворање на меморијалот
13:00 - Заминување

Напомени:
1. За искачувањето од пл.дом “Чеплес“ до врв “Солунска Глава“ задолжителна е зимска планинарска опрема (добри планинарски чевли, гамашни, топла облека, капа, ракавици и сл.).
2. Од Скопје на 02.12.2011г. (петок) со возот за Битола во 14:30 ч. ќе замине организирана група. За сите кои сакаат да се приклучат кон оваа група, зборно место се шалтерите на железничката станица, најдоцна до 14:10 ч.

Информации на телефоните: 075/303 988 и 070/617 821

 

Со спортски поздрав:                                                              Претседател:
АК “К2“                                                                         Милошевиќ Дарио

 
Copyright © Alpinizam.org