Зимски обид кон Титов Врв (26 Јан. 2008г.)

Сакавме да направиме искачување на друга планина, но за тоа ќе беше потребно да бидеме 2 дена надвор од Скопје и поради обврски решивме да направиме еднодневна тура, па се одлучивме за Титов врв (2748м) - преку Церипашина. Секогаш успеваме да ја потцениме оваа тура и покрај многуте интересни искуства со магли, силните ветрови на гребенот... Овој пат успеавме да стигнеме до седлото пред Титов врв (искачувајќи се на Бакардан (2700м)) и да имавме барем уште четиересетина минути ќе имавме време да успееме, но сепак одлучивме да се вратиме. Со нас овој пат беше Горан Рафајловски кој сакаше да се спушти со скии од Титов врв...

Весна на почетокот

Весна на почетокот на Церипашина

Горан - Попова Шапка во позадина

Горан - Попова Шапка во позадина

 

 

Поглед кон Титов Врв

Титов Врв (десно) и Бакардан (лево)

Бакардан

Бакардан (2700м)

 

Качувањето е во прекрасно опкружување - посебно во ваков зимски амбиент

 

Весна се приближува на Бакардан (2700м)

Титов Врв

Титов Врв (2748м)

Горан Рафајловски

Горан - Титов Врв во позадина

По искачувањето, Горан се спушти од Бакардан и Карабунар со скии - Титов Врв остана за некој друг пат

Copyright © 2005 Alpinizam.org