Share

Битолчанине...

- 17.03.2011г., Игор Т.

Се за ќотек! Па не кажуваат – затоа! Изминатиов (подолг) период членовите на СКК Вертикал од Битола покрај разно-разни други активности фино-лепо набројани во еден од нивните текстови, исто така многу активно си ја терале работата и со качувањето во чист стил на локалитетите околу Прилеп. Да не беше реакцијата на нашиот ФБ пост за најавата дека годинава ќе сме често таму – немаше да дознаеме уште некое време...

Ајде добро и ние сме за ќотек и нема оправдување дека демек поради работни обврски и организација на некои проекти не сме можеле едно „Ало“ да им направиме дали се живи и здрави, да им го посетиме сајтот итн итн...

Како и да е – еве нешто кај нас многу на кратко – само колку да го испочитуваме тоа што го направилe бидејќи е за почит(!!!), а многу појќе кај нив на сајто или ФБ профило...

Значи со оглед на тоа што темата е качување во чист стил, споделуваме на кратко што направиле: ќе прочитате дека имаат искачено нова насока на јужната страна на Камената баба – „Sunny crack“ (V, 35м), нови насоки на Плетвар – „Иглата на орело“ и „Halfmoon” (VII+), нова насока на Остра Карпа – „Чиракот“ (VI)... Потоа има и по некоја фотка од други нови на Камената баба: „Тодорица“, „Piščanec”…:

Поздрав до Ема, Марио, Горан, Стево и други знајни и незнајни јунаци од тимот! А тоа Кузето нека покуца малку појќе на тоа тастатурата и нека сподели појќе детали - да не останиме вака неуки!
Фотографиите се добиени од СКК Вертикал - Битола! ФАЛА!

Copyright © Alpinizam.org